Рецензија: Уапсен Кили, во подрум одгледувал марихуана
Објавено во: Рецензии
на 10. 09. 2013 | | sq Автор: Љубомир Костовски
Македонските медиуми одново станаа пример како масовно и речиси без исклучок се повредува пресумпцијата на невиност и правото на личен и семеен живот со веста дека еден наш естраден уметник, во последно време и водител на емисија на младинско радио, е уапсен заради одгледување на марихуана во семејна викендичка.
Иако текстовите за лицата за кои е отворена истражна постапка ги пуштаат со иницијали, во обработката на повеќе начини нивниот идентитет се открива до крај, на многу места и со објавувања на фотографии. Онаа фотографија објавена во дневниот весник „Дневник“ секако заслужува особено внимание, бидејќи на особено груб начин ја повредува потребата за заштита на една личност сѐ до судската и извршна пресуда со која недвосмислено се докажува вината на едно