Рецензија: Скандал во Центар: Каде завршуваат огромните пари од реклами
Објавено во: Рецензии
на 30. 09. 2013 | | Автор: Љубомир Костовски
„Освен печатените отчети на Општината Центар кои беа делени по домовите, општината е присутна и на интернет просторот преку повеќе динамични банери кои се наоѓаат на ударно место, а кои е познато дека се најскапите за рекламирање. Ваквиот начин на работење отвора повеќе прашања кои остануваат неодговорени и кои фрлаат светло на нов скандал во оваа општина“.
Општината „Центар“, со која градоначалникува Андреј Жерновски, од страна на медиум кој себеси се смета за влијателен и високопребаруван, е осудена на тоа да дели летоци по домовите и да не користи поскапи форми на рекламирање. Освен тој совет, текстот кој го пренесоа сите провладини медиуми, се повикува на наводна висока сума која била дадена за оваа намена, потоа утврдува дека селекцијата на