verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Катерина Блажевска

Рецензија: Влатко Ѓорчев: СДСМ најави истополови бракови и посвојување деца

на 1. 10. 2013 | |
Ова е уште еден пример за текст во кој она што го има во излогот (насловот) го нема во продавницата (текстот). Текстот, кој бил замислен како краток извештај од собраниска седница, завршил како проширена вест со коментаторски елементи, пред сѐ, конфузна, нејасна и неточна вест. Линк до оригиналниот напис:  Влатко Ѓорчев: СДСМ најави истополови бракови и посвојување деца Датум и време на објавување: 24.09.2013 Датум на рецензирање: 1.10.2013 Рецензент: Катерина Блажевска Вистинитост: Текстот не се темели на факти, туку на редакциска интерпретација (а не цитирање на клучниот став од кој, наводно, е извлечен насловот) на изјава на пратеникот Ѓорчев, со што се извртува вистината и се создава поинаква перцепција за настанот. Единствената цитирана изјава на Ѓорчев гласи: „Нашиот став е

Investigative Dashboard: Следете ја трагата на парите

на 24. 09. 2013 | |
Investigative Dashboard e сајт на кој новинарите истражувачи имаат пристап до базите на податоци за компаниите во светот, како и за софтверите за анализа на податоци и други потреби од корист на истражувачите   Пишува: Катерина Блажевска   Сакате да дознаете кои од домашните фирми регистрале оф-шор компании, каде го преселиле капиталот или каква е нивната финансиска кондиција? Можеби ви изгледа дека тоа е невозможна мисија, но со помош на

Рецензија: Сведоштвата за блудот на Фуере

на 23. 09. 2013 | | sq
„Сведоштвата за блудот на Фуере“ е пример за крајно шпекулативен редакциски текст, целосно осиромашен од аргументи, но збогатен со паушални оценки, навреди и инсинуации. Резултатот од тоа не е аргументирано и вистинито информирање на читателите, туку преку груби шекулации да им се наметне перцепција за, наводно, неморален живот на поранешениот амбасадор на ЕУ во Македонија, но и за други јавни личности. Линк до оригиналниот напис: Сведоштвата за блудот на Фуере

Како да се разбуди статистичкото новинарство?

на 19. 08. 2013 | |
  Статистичкото новинарство бара три основни вештини: способност за собирање податоци, способност за организација на податоците и способност за нивно анализирање Пишува: Катерина Блажевска Во Македонија многу малку е присутно т.н. статистичко новинарство. Под овој поим не се подразбира класична употреба на статистички податоци во новинарски текст, нивна споредба со претходни состојби или компарација со слични состојби во регионот и светот. Статистичко новинарство или data journalism е новинарство базирано на податоци

Рецензија: Грците се жалат на реакциите вo Македонија за писмото од Самарас

на 31. 07. 2013 | |
Вовед: Ова е пример за информација, во која она што го има во излогот (насловот), го нема во продавницата (текстот). Иако насловот најавува дека „Грците се жалат на реакциите во Македонија за писмото од Самарас“, во текстот само нејасно и нецелосно се цитираат реакциите кои од Македонија се пренесени во грчкиот печат. Во нив, пак, освен известувачка сувопарност, не преовладува никакво „жалење“, како што се тврди во текстот. Линк до оригиналниот напис: Грците се жалат на реакциите вo Македонија за писмото од Самарас Датум и време на објавување: 19.07.2013 Датум на рецензирање: 29.07.2013 Рецензент: Катерина Блажевска Вистинитост: Не може да се утврди дали наводите и нивната веродостојност се точни, бидејќи во текстот грчките медиуми, од кои два посебно акцентирани, се

Рецензија: Откриено дувло на наркомани во општина Аерoдром

на 30. 07. 2013 | |
  Откриено дувло на наркомани или сокривање на негрижата на станарите за хигиената? Ваква е дилемата што ја наметнува прилогот, во кој се дадени многу категорични заклучоци без понудена аргументација. Прилогот не дава одговор на основните прашања, кои читателот или гледачот реално ги очекува. Линк до оригиналниот напис:  Откриено дувло на наркомани во општина Аеродром Датум и време на објавување: 21.07.2013, 17:25 Датум на рецензирање: 29.07.2013 Рецензент: Катерина Блажевска Вистинитост: Камерата регистрира дел од наводите во текстот, „расфрлани шприцеви, игли, пивски шишиња, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни“, по што паушално се констатира дека „подрумите во овие згради се засолниште за наркоманите“. Оценката е изведена без реална аргументација, бидејќи никој од станарите не сакал да зборува. „Станарите

Рецензија: Со збир на стажот и возраста до пензија?

на 16. 07. 2013 | |
Ова е пример за текст кој во комуниколошката литература се нарекува „производ настанат врз игнорирање на демантот“. И покрај „негирањето на надлежните“ дека се разгледува модел во кој со збир на стажот и возраста ќе може да се оствари право на пензија, авторот развива тематска проекција спротивна на тој категоричен демант и ја истакнува во насловот на текстот. За да се избегнат вакви ситуации, новинарот тежиштето на текстот треба да го стави врз фактот дека надлежните не планираат реформа на пензискиот систем и покрај неофицијалните информации дека се прават анализи во таа сфера. Притоа, може да го презентира и споменатиот модел како дел од оние кои биле анализирани и неприфатени, па дури и да го „брани“ како добар, се разбира,

Рецензија: „Џонсон Мети“ и „Џонсон контролс“ им пишуваат програми на факултетите

на 15. 07. 2013 | |
Ако во рецензиите на новинарските текстови најчесто укажуваме „што и како не треба“, ова е пример за текст „како треба“. Тој е актуелен, објавен во време кога матурантите го прават изборот на студиски програми и е одличен пример за текст поткрепен со релевантни извори, но и со содржина што нуди нови и корисни информации за читателите, особено за споменатата целна група.  Линк до оригиналниот напис: „Џонсон Мети“ и „Џонсон контролс“ им пишуваат програми на факултетите Датум и време на објавување: 05.07.2013, 17:39 Датум на рецензирање: 10.07.2013 Рецензент: Катерина Блажевска Вистинитост: Текстот се темели на факти, произлезени од истражувањето на новинарот преку разговор со повеќе извори – деканите на Машинскиот, Техолошко-металуршкиот и на Факултетот за електротехника и информациски технологии, но и

Рецензија: Кежаровски не може да одговара кривично ако го штител јавниот интерес

на 26. 06. 2013 | | sq
Текстот „Кежаровски не може да одговара кривично ако го штител јавниот интерес“, е предизвик за рецензија поради неговата актуелност, компаративните примери за слични случаи, практиката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, но и поради контроверзноста на постапката, со оглед дека новинарот е притворен во 2013 година за дело, наводно сторено во 2008.