Рецензија: Геровски распали на Фејсбук во одбрана на Вранишковски
Објавено во: Рецензии
на 17. 07. 2013 | | Автор: Југослава Дуковска
Уште еден во низата текстови во кои новинари се занимаваат со други новинари, посебно кога тие мислат поинаку од нив е и текстот на ДЕНЕШЕН, кој ги анализира и критикува ставовите на новинарот Бранко Героски за случајот Вранишковски, објавени на неговиот приватен профил на Фејсбук.
Тргнувајќи од повеќе години присутното, непишано правило дека околу случајот Вранишковски домашните медиуми во старт треба да имаат униформен став, авторот на написот во ДЕНЕШЕН, критиките на Героски упатени до колегите, со кои тој бара нивен попрофесионален пристап кон темата, веднаш ги прогласува за поддршка за Вранишковски, иако таа поддршка Героски никаде, de facto, не ја искажува.
Самиот напис, кој се однесува на активноста на Геровски на оваа социјална мрежа и нема друга поента, освен