Рецензија: Професорот Росоклија бил во право дека причината за смртта на Тамара не е сколиоза
Објавено во: Рецензии
на 5. 03. 2015 | | Автор: Југослава Дуковска
Медицински случај, кој поради сплет на околности заврши трагично за деветгодишната Тамара Димовска од Велес, ги разбранува не само духовите во Република Македонија, туку и политичката сцена, предизвика граѓански протести, како и оставки на двајца високи функционери во здравството, а тоа се одрази и на начинот на кој беше третиран во медиумите. Еден од написите кој генерираше најмногу коментари беше и информацијата која е предмет на оваа рецензија. Иако тоа што е објавен на веб-страница чијашто потесна профилираност (вести од областа на медицината, здравството и социјални теми) би требало да подразбира известување неоптоварено со дневна политика, овој напис покажува дека, во случајов, политиката имала влијание врз објективноста и професионалниот третман на материјата.
Веста што е објавена е ексклузивна, а