verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Филип Стојановски

Повик за учество на обуки „Борба против говор на омраза на Интернет“

на 5. 12. 2013 | | sq
Фондацијата Метаморфозис објавува отворен повик за пријавување на учесници на обуки за борба против говор на омраза на Интернет. Учесниците на обуките ќе имаат можност да се стекнат со знаења за препознавање на говорот на омраза, технички вештини за спротивставување на таа појава, како и вештини за презентација и пренесување знаења. Обуките се отворени за сите граѓани на РМ заинтересирани стекнатите знаења и вештини да ги применуваат и шират/споделуваат во своите заедници, работни организации и здруженија. Особено добредојдени се блогери и редовни корисници на социјалните медиуми Фејсбук и Твитер, граѓански активисти, наставници и новинари – но и сите други луѓе заинтересирани за унапредување на слободата на изразување на интернет. Предуслов:  Основни познавања за Интернет и користење барем една социјална мрежа.

Како да пронајдете вести кои „исчезнале“ од Интернет?

на 27. 09. 2013 | | sq, en
Оваа новинарска лекција покажува како со помош на Гугл, Архивата на Тајм.мк и archive.org  може да се видат содржини кои веќе не се достапни на веб-сајтовите каде што биле првобитно објавени.     Пишува: Филип Стојановски, информатичар, програмски координатор во Фондацијата Метаморфозис
  Има ситуации кога е од јавен интерес да се пронајдат содржини кои биле објавени на Интернет, па потоа отстранети. Оваа новинарска лекција покажува како со помош на