verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Филип Стојановски

Нова верзија на првата мобилна апликација против говорот на омраза во светот

на 26. 02. 2015 | |
Фондацијата Метаморфозис објави надградба на првата мобилна апликација против говорот на омраза, чија намена е да ги донесе информациите од оваа област до врвовите на прстите на корисниците на мобилните телефони. Повеќе информации за апликацијата и можност за инсталирање се достапни преку nemrazi.mk/app Апликацијата е изработена со цел поефикасно спротивставување на говорот на омраза преку споделување знаења. Таа на граѓаните им овозможува пристап до најновите вести од оваа област, образовни и стручни ресурси, меѓу кои е и библиотека со е-книги, интерактивни упатства за разните можности за пријавување на говорот на омраза, како и учество на настаните поврзани со борбата против говорот на омраза преку интегриран календар. Апликацијата, која e прва апликација од тој вид за паметни мобилни телефони во светот,

Како се дознава кога едно видео било објавено на „Јутјуб“

на 23. 02. 2015 | | sq
Едноставниот интерфејс на „Youtube DataViewer“  

На прв поглед, „Јутјуб“ не го покажува времето на објавување на видеоклипови. Сепак, точното време може да се пронајде преку апликација која ги вади метаподатоците на виделина

  Пишува: Филип Стојановски, магистер по е-бизнис менаџмент
  При објавување на видеоклип на сервисот „Јутјуб“, како јавно достапен податок за времето на објавување во текот на првите 24 часови е наведено само пред колку часа

„Репортери без граници“: 66 новинари се убиени во 2014 година

на 18. 12. 2014 | | sq
Меѓународната организација „Репортери без граници“ објави преглед на насилство против новинари во 2014 година. Според нивната евиденција, во текот на оваа година, 66 новинари се убиени. Со тоа, бројот на новинари убиени поради нивната работа во последните 10 години достигна 720. Вкупно 119 новинари биле киднапирани во текот на оваа година, што е зголемување од повеќе од 35 проценти во однос на претходната. Четириесет новинари во моментов се во заложништво.   66 journalists killed in 2014 http://t.co/YNBZLKLpBX #2014 #RSF #pressfreedom pic.twitter.com/cQonqx2BUt — RSF / RWB (@RSF_RWB) December 16, 2014
Како најсмртоносни земји за новинарите „Репортери без граници“ ги посочуваат Сирија, со 15 убиства, Палестина со седум, Украина со шест, како и Ирак и Либија, секоја со четири. Најмногу киднапирања на

Промовирана мобилна апликација против говорот на омраза

на 15. 12. 2014 | |
Фондацијата Метаморфозис објави надградба на првата мобилна апликација против говорот на омраза, чија намена е да ги донесе информациите од оваа област до врвовите на прстите на корисниците на мобилните телефони. Повеќе информации за апликацијата и можност за инсталирање се достапни преку nemrazi.mk/app Апликацијата е изработена со цел поефикасно спротивставување на говорот на омраза преку споделување знаења. Таа на граѓаните им овозможува пристап до најновите вести од оваа област, образовни и стручни ресурси, меѓу кои е и библиотека со е-книги, интерактивни упатства за разните можности за пријавување на говорот на омраза, како и учество на настаните поврзани со борбата против говорот на омраза преку интегриран календар. Апликацијата, која e прва апликација од тој вид за паметни мобилни телефони во светот,

Граѓаните бараат повисок квалитет на известување за студентскиот марш | #СтудентскиМарш

на 18. 11. 2014 | |
Дел од дискусиите за протестниот марш на студентите содржеа повици на граѓаните за повисок квалитет на медиумското известување за настанот. Маршот против воведување на екстерно тестирање се одржа на 17 ноември 2014 година во Скопје, при што илјадници студенти тргнаа од платото на УКИМ, за пред Владата и пред Министерството за образование да ги искажат своите барања. Учесници пренесуваа фотографии и кратки информации преку „Фејсбук“ и „Твитер“, користејќи го хаштагот

Поттикнување војна преку национална телевизија

на 3. 10. 2014 | | sq
Пример на промовирање став дека меѓуетничка војна е „решение“ за проблемите на Македонија преку емисија на национална телевизија: „Ова ти е бе, ова ти е монструозен… Ова со идентитетот не сакам ни да го зборувам. Сега ти вика или ќе го прифатиш ова што ти вика сам да се самоубиеш или ќе ти ги с`снеме Албанците. Па с`снете ги бе. Еднаш с`снете ги, ама ја кога ќе ги с`сне некој, за да се самоодбранам, имунолошки да не погинам, знаеш ли како ќе настапувам. Не како 2001.“ Дел од цитатите од емисијата „Јади бурек“ со водител Јанко Илковски и гостинката Мирка Велиновска е емитувана на 1 октомври 2014 на ТВ Сител 3, се документирани на блогот Анфас. Кривичниот законик на Република

ЗНМ прашува зошто говорот на омраза во дебатните емисии не се санкционира

на 3. 10. 2014 | | sq
Пренесуваме соопштение на ЗНМ: На 24 септември 2014 Агенцијата за медиуми организираше работилница на тема Презентација на Водичот за мониторинг на „говорот на омраза“. На овој настан говореше м-р Јелена Сурчулија Милојевиќ, странски експерт по медиумско право а присутни беа членовите на Агенцијата како и претставници од медиумите и граѓанските организации. Претставник на ЗНМ јавно ги упати следните две прашања: Ценејќи дека во Македонија во последно време има тенденција на зголемена употреба на говор на омраза во дебатните емисии во националните медиуми вклучително и во емисии каде гостуваат високи владини функционери а за кои нема соодветна реакција од страна на регулаторот, претставникот на ЗНМ праша:
  • Дали е пракса во Европа пред емитувањето на ТВ дебата да има најава/соопштение дека медиумот

Препознавање измами: Фудбалски „јасновидец“ на Твитер

на 14. 07. 2014 | |
 

Пример поврзан со финалето на Светскиот куп во фудбал покажува дека социјалните мрежи може да послужат како средство за измама на јавноста или на поединци, што може да се спречи со примена на новинарските стандарди кои ја ставаат на прво место потрагата по вистината и проверката на изворите

  Пишува: Филип Стојановски, информатичар, програмски директор во Фондацијата Метаморфозис   Новите технологии овозможуваат ефикасно ширење на информациите, но, исто така и можности за брзо ширење дезинформации и манипулирање на јавноста. Еден таков пример е примената на Твитер веднаш по светското првенство со цел убедување во однапред определен исход на финалето. Истата техника може да се користи и за убедување наивни во натприродни способности од самонаречени јасновидци и пророци. Веднаш

Претставувања на Ромите во медиумите од Македонија

на 8. 04. 2014 | |
По повод 8 април – денот на Ромите, потсетуваме на дел од рецензиите и анализите во кои се обработува односот на некои од медиумите кон оваа етничка заедница. Анализи и новинарски лекции
  • Визи, азил, човекови права: За казнувањето и дискриминацијата (3)
  • Структурна дискриминација – кога државата е на погрешната страна: 1 дел и 2 дел
  • Од сегментирани информации до дезинформации
  • Русокосата Марија и притаениот расизам во нас
  • Да се објави или не?
  • Премолчувањето може да биде дискриминација
Рецензии
  • Рецензија: (ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Под притисок од ВМРО-ДПМНЕ Роми се степаа кај Зелено Пазарче!
  • Рецензија: Ромите од Центар против тврдењата на експертите за зградата во албански стил
  • Рецензија: Ромските азиланти заслужни за враќањето на ЕУ визите за македонските граѓани?
  • Рецензија: Кипарската полиција трага

Промовирана нова платформа за пријавување говор на омраза

на 2. 04. 2014 | | sq
На 2 април 2014 година во Скопје, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ја промовираше интернет платформата за мапирање на говор на омраза www.govornaomraza.mk. На промоцијата претставничките на Хелсиншкиот комитет истакнаа дека платформата има за цел да собере информации за говорот на омраза во јавниот простор и во медиумите, но и да ги поттикне граѓаните, медиумите и новинарите да пријавуваат говор на омраза за да може да се создаде слика за состојбите во Република Македонија. Со цел да се соберат информации од повеќе градови и локални средини покрај градот Скопје, формирани се тимови за следење на говор на омраза на локално ниво составени од 22 волонтери распоредени по 8 неадминистративни региони, односно 14 градови низ целата земја, за