verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Fatlume Dervishi

Пристрасноста не го поддржува новинарството, туку го става во редовите на пропагандата

на 27. 07. 2016 | | sq

Напис: Ахмети не му дава поддршка на Ердоган, застанува на страната на Ѓулен

Во врска со обидот за државен удар во Турција реагирале сите лидери Aлбанци во Косово и во Албанија, a загриженост изразиле и поголемите светски сили, но наводно овој настан го „пропуштила“ албанската партија на власт во Македонија, односно нејзиниот лидер Али Ахмети. И претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, го поддржа претседателот Ердоган во овие настани, но немало ниту една реакција ни од ДУИ, ни од нејзиниот лидер, што предизвикува сомнеж во вистинитоста на обвиненијата што се упатуваат на адреса на партијата, чие име во последно време почна да се римува/поврзува со Русија. Или, можеби ДУИ е на страна на пучистите, односно „ѓуленистите“. /Сакте.нет/ [Рецензија: „Ахмети не му

Сензационален наслов, неточно информирање

на 26. 07. 2016 | | sq

 

Напис: Пржинскиот договор неуспешен, почнуваат преговорите за нов договор

Денеска во 13 часот во резиденцијата на aмериканскиот aмбасадор, Џес Бејли, претставниците на политичките парии ќе се обидат да го решат и единственото спорно прашање, ингеренциите на министерот за внатрешни работи во техничката влада што треба да ги организира изборите и дали тој министер треба да се повлече веднаш по денот на изборите. Синоќа по разговорите во резиденцијата на Бејли во Водно, претставниците на партиите не дадоа изјави. Амбасадорот изјави дека има интересна идеја и се надева дека ќе постигнат договор до крајот на неделата. „Не можам да кажам дека сме постигнале договор, но можам да ви кажам дека имаме една интересна идеја на маса“, изјави Бејли. Тој не образложи

Вест или загатка?

на 25. 07. 2016 | | sq

Напис: ДУИ нема среќа кај електоратот, почнале да ја бараат по казина

Тој беше еден од најголемите противници на протестот на 9 мај организиран од Опозицискиот совет. Бидејќи на 9 мај немаше среќа, затоа што на протести излегоа 30.000 Албанци, овој советник на ДУИ (во една висока државна институција) решил да ја проба среќата во казино. Овие фотографии од него во казино ги испратил еден читател на весникот „Лајм“. Засега нема да го откриеме идентитетот на овој функционер, но само ќе истакнеме дека неговото име е исто како и името на една издавачка куќа во Скопје, додека презимето му е исто како и името на еден многу познат вид сирење. [Рецензија: ДУИ нема среќа кај електоратот, почнале да ја бараат

Кој го „влече за уши“ непрофесионалното новинарство?

на 22. 07. 2016 | | sq

Напис: Американската дипломатија „ги влече за уши“ Али Ахмети и ДУИ?!

Помошник секретарот на САД, Викторија Нуланд, пред неколку денови престојуваше во Скопје, каде што оствари средби со граѓанскиот сектор, интелектуалците и со лидерите на парламентарните партии. Како што се зборува во разни кулоари, американската дипломатија веќе почнала сериозно да ги опоменува Али Ахмети и ДУИ поради разните криминални афери, корупцијата и убиствата по партиските разграноци, дел од кои беа прикажани во прислушуваните разговори обелоденети од македонската опозиција. Овој очај на Ахмети се одрази и во фотографијата со г-ѓа Нуланд што ја објави на Фејсбук – тоа е фотографија направена пред неколку години, а не од завчерашната средба, каква што имаше објавено Мендух Тачи, дури и разните коментари кажуваат дека

Објективноста и фактите запоставени заради предумислата

на 22. 07. 2016 | | sq

 

Напис: Еве зошто  Невзат Бејта е против ДУИ и Али Ахмети

Градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта, по блокирањето на отпадот од општина Тетово, де факто е против неговата партија и лидерот Али Ахмети. Како што се знае, седиштето на ДУИ се наоѓа во Мала Речица, а Невзат Бејта забранил отпадот од ова седиште да се фрла во депонијата Русино, регионалната депонија. Тој пред неколку денови нагласи дека „не остава ниедна општина да фрла тука отпад“ и посочи дека решение треба да најде „Владата, Министерството за екологија или кој било што е одговорен за тоа“. „Гостивар е нашиот град, доколку и вие се согласувате да ја завршиме оваа работа, гостиварците нека продолжат, а другите да се

Војна или вежба, можете ли да разликувате?

на 18. 07. 2016 | | sq

 

Напис: Близок контакт меѓу војниците на Косово и Македонија, имаше и „истрели“

Кадети на безбедносните сили на Косово 10 дена вежбаа заедно со војници од 13 светски држави. Во Криволак во Македонија тие вршеа вежби заедно со армиите на САД, Велика Британија, Турција, Словенија, Романија, Италија, Албанија, Македонија и на други земји. Истрели имало, но само со маневарски оружја, во функција на заедничките вежби. Воената вежба „Летен камп 2016“, пренесува КП, завршила денеска. Војниците на земјите учеснички ги демонстрираа нивните способности за тоа што го вежбаа десет дена. Директорот на Управата на операции и обука на БСК, Зумер Халими, рече дека оваа активност, која од 2010 година станала традиција, е многу важна бидејќи на кадетите на БСК им се

Манипулација врз „манипулацијата“

на 15. 07. 2016 | | sq

 

Напис: Манипулацијата на Ахмети со „смрзнатата насмевка“ во 2015

Продолжуваат манипулациите што ДУИ и нејзиниот лидер, Али Ахмети, им ги прават на Албанците. По денешната средба на Ахмети со високата американска функционерка Викторија Нуланд, на неговиот официјален профил и во медиуми се лиферува една фотографија, наводно од денешната средба со Нуланд, известува „Факте“. На фотографијата може да се видат двајцата соговорници насмеани, дури на беџот на градите на Ахмети пишуваше „ВИП“, а се разбира, не недостигаа ниту стихови за тоа „колку сјајно поминала средбата…“. Но, всушност, на Албанците им се приложи уште една манипулација во редицата секојдневни манипулации. Фотографијата што наводно беше направена денеска, беше истата фотографија од лани (13 јули 2015 г.), која, исто така, беше објавена на

Провоцирачките генерализирања се неприфатливи во новинарството

на 14. 07. 2016 | | sq

 

Напис: СКАНДАЛ – Видете колку нè мразат некои Македонци

Омразата на еден дел од Македонците кон Албанците зела патолошки размери. Неколку од нив не се двоумат и јавно да ги навредат Албанците и кога тие се мртви, а дури страдаат и се етикетираат како предавници оние хумани Македонци кои се солидаризираат со случајот на малиот Алмир, убиен од еден монструм Македонец во Куманово, пишува „Факте“. Случајот за кој се зборува крена голема врева кај Албанците, бидејќи без никаква вина се згасна тукушто почнатиот живот на малиот Алмир. Со право Албанците се запрашаа: каде се нивните сограѓани што не се солидаризираат? Дали е вината кај медиумите што го премолчуваат случајот, државните институции што ги управуваат медиумите или нешто друго? Тие

Текст во кој не се „заморуваат“ со стандарди

на 8. 07. 2016 | | sq

 

Напис: Природното богатство на Струга се уништува, туристите си заминуваат, а Села „не се замара“?!

Градот Струга бележи драстичен пад во поглед на туризмот. Туристите оваа сезона ја избегнуваат Струга. Причините за ова се многубројни, цените за престој се астрономски, а и еколошките услови се под ниво. Поголемиот број жалби од граѓаните на општина Струга не се земаат предвид и општинските власти не се максимално посветени за отстранување на истите, како и за подобрување на условите за туристите. Не, не се случува само во Охрид. И во Струга, тоа ѝ се случува на природата околу езерото, божем поради развојни причини. Се уништува трската, нешто што е забрането и со закон, која е филтер на езерото. Зошто? За некој да

Измислената статистика не ја покрива пристрасноста

на 1. 07. 2016 | | sq

Напис: Студентите од Косово го напуштаат ТУ, УЈИЕ и другите приватни универзитети во Македонија

Голем број студенти од Косово не претпочитаат да студираат на универзитетите во Македонија, пишува „Журнал“. Дардан од Приштина за новинската агенција „Журнал“ вели дека никогаш нема да студира во Македонија. „Брат ми студираше во УЈИЕ, заврши студии по право и веќе четири години не може да најде работа. Дипломата му ја оспоруваат и велат дека нема вредност. Брат ми ми рече дека од УЈИЕ ги избркале најдобрите професори од Косово, како Хајредин Кучи и многу други. Со еден збор, според брат ми, УЈИЕ го претвориле во семејна чајџилница. Не само мојот брат, туку и братучед ми кој студира на Тетовскиот универзитет. Тој вели дека со нетрпение