verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Fatlume Dervishi

Енергетските пијалаци не даваат „крилја“ во новинарството

на 24. 02. 2017 | | sq

 

Напис: (ВИДЕО) ДОЛГА НОЌ ВО СДСМ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗОРАН ЗАЕВ ДРЖИ КОНДИЦИЈА СО „РЕД БУЛ“ И СО КАФЕ

Долгите преговори за формирање на владата изгледа го исцрпуваат претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Во неговиот службен автомобил доминираат енергични пијалаци и кафе. Од вчерашниот ден, средбите во партијата се интензивирале, по првата формална средба меѓу ДУИ и СДСМ. Во наредните денови, се очекува конечно да добиеме одговор дали СДСМ ќе формира влада или не.

 

[Рецензија: „(ВИДЕО) ДОЛГА НОЌ ВО СДСМ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗОРАН ЗАЕВ ДРЖИ КОНДИЦИЈА СО „РЕД БУЛ“ И СО КАФЕ“]

Јавниот интерес нема врска со начинот на исхрана на функционерите. Резултатите од нивната работа и делата во рамките на нивната функција се нештата што ја интересираат јавноста, а не

Шегите, хуморот или сатирата треба да бидат јасно посочени во веста

на 20. 02. 2017 | | sq

Напис: ДУИ влегува во Гинисовата книга на рекорди

Откако преговараше една недела за можна соработка со лидерот на ВМРО, Никола Груевски, преседателството на ДУИ ќе продолжи со преговорите и со консултациите и неделава што следува. Овојпат на маса се опциите и договорот за соработка со СДСМ. Новинската агенција ИНА дознава дека ДУИ ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди, како партија која имала најмногу средби од која било друга партија, во историјата на политичкиот плурализам. Од друга страна, граѓаните зачудени од овој феномен, ширум отвориле уши и очи за да видат што ќе се случи?! Кој ќе замине во историјата овој пат? (ИНА)  

[Рецензија: „ДУИ влегува во Гинисовата книга на рекорди“]

Иронија, хумор или сериозна информација? Ако не е

Меѓуетничката омраза како мамка за читатели

на 25. 01. 2017 | | sq

 

Напис – Обожавателот на Груевски ја напаѓа Фатиме: Мори животно, или зборувај македонски или оди во Албанија

На обожавателите и на симпатизерите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не им се допаѓа обвинителката Aлбанка, Фатиме Фетаи. Тие не можат да го прифатат фактот дека една Aлбанка станала главен лик во борбата против криминализираните политичари во Македонија. Предраг Ивановски, кој на својот фејсбук-профил објавил фотографија заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, реагирал кон еден напис од агенцијата за вести ИНА, во врска со обвинителката Aлбанка. „Зборувај македонски, изгубена овца, да те разбере целиот свет. Ако не сакаш да зборуваш македонски, оди таму каде што се зборува албански јазик“, напишал Ивановски. (ИНА).  

[Рецензија-„Обожавателот на Груевски ја напаѓа Фатиме: Мори животно, или

Лоша и непрофесионална копија со коментари

на 20. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Паника во ДУИ, Груевски уште не ги кани на преговори, се разболуваат неколку функционери?!

ДУИ сè уште е во исчекување на поканата од Груевски за да се почнат преговорите за формирање на новата влада. Претставниците од партијата на Али Ахмети очекуваат преговорите да почнат до крајот на неделава. Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој пред девет дена го доби мандатот од претседателот на државата, сè уште официјално не поканил на преговори ниту една партија. Ова задоцнување предизвикало вистинска паника во партијата на Ахмети, која се изјаснува како албанска политичка партија, но која сè додека е на власт, реализира проекти исклучиво за Македонците, пренесува весникот „Лајм“. „Реално треба да биде спротивното, односно ВМРО треба да се плаши од

Желбите се едно, а професионалните вести сосема друго

на 17. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Дали ќе му се исполни желбата на Мендух Тачи да стане заменик-премиер на Груевски?!

Давањето на мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од страна на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ја зачуди јавноста во земјата, а и меѓународната. Експертите за правни прашања велат дека овој акт е противзаконски, затоа што Никола Груевски го нема парламентарното мнозинство за да биде токму тој мандатар на новата влада. Дел од експертите велат дека ќе треба да се состави експертска влада. За одлуката на Иванов да му се даде мандатот на Груевски, денеска се изјаснија и од Алијансата за Албанците и од Движењето Беса, пишува „Тетова 1“. Алијансата за Албанците е категорична што се однесува до одлуката да не биде дел

Без докази ексклузивното останува шпекулација

на 13. 01. 2017 | | sq

Напис – Eксклузивно: ВМРО ѝ нуди на ДУИ 200 милиони евра за формирање на владата

Порталот „Мактел“, повикувајќи се на истражувани извори, вели дека ВМРО на Груевски ѝ понудила на ДУИ околу 200 милиони евра за составување на идната влада на Македонија, пренесува новинската агенција ИНА. Изворите велат дека преговорите за идната влада ги води Муса Џафери со Сашо Мијалков и дека нивните средби се остварени во еден скопски хотел. Порталот дознава дека преговорите првенствено почнале со 50 милиони евра во готово, а другиот дел преку други фирми, вклучувајќи ги тука и тендерите во идната влада. Но, како што се зборува, ова сума не е прифатена и ДУИ побарала 200 милиони.  

[Рецензија- „Eксклузивно: ВМРО ѝ нуди на ДУИ 200

Професионално недокажана и неадресирана омраза

на 23. 12. 2016 | | sq

 

Напис – „ФОТО: Еве што им посакува Ордановски на граѓаните“

Скопје, 19 декември – Говор на омраза и обиди за поделба на граѓаните на партиска основа. Сето ова ги карактеризира изјавите на експертите и на аналитичарите блиски со Сорос и со опозициските медиуми. Луѓето блиски со Сорос и со СДСМ на активен начин ги употребуваат социјалните мрежи за да ги претстават своите ставови, ако може да се сметаат за такви бројните закани, говорот на омраза кои редовно се  дел од секојдневниот вокабулар на Сорос и на СДСМ. Братот на Сашо Ордановски кој се претставува како аналитичар го употребува „Твитер“ под псевдонимот MindPlumber. Тој редовно ги објавува своите „ставови“ во кои составен дел е говорот на омраза и вулгарноста. Од

Интригантен наслов – разочарувачка содржина

на 15. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Објавени нови „бомби“ за ДУИ, еве што содржат (Видео)

По социјалните мрежи се појавиле нови „бомби“ кои предизвикале вистински „земјотрес“ кај разграноците на ДУИ во Куманово и во Липково, пренесуваат партиски извори кои тврдат дека ги слушнале „снимките“. Нашите извори велат дека револтот бил предизвикан откако претставници на ДУИ од Липково и од Куманово имале можност да ја слушнат содржината на неколку од снимките. Тие велат дека кај најновите „бомби“, двајца високи раководители на ДУИ се слушаат како се потсмеваат со предложените кадри од разграноците и дека кажуваат неубави зборови и за семејствата на воените херои и инвалиди. Овие извори одбија да ни кажат дали „бомбите“ се објавени на „Фејсбук“ или на „Јутјуб“, но велат дека на големо

Религијата како дел од медиумската пропаганда

на 6. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Еве како Али Ахмети го почитува езанот (ВИДЕО)

Лидерот на Демократската унија за интеграција денеска имаше средба со жителите на Челопек и за време на обраќањето, тој го прекинал говорот и почекал сè додека селскиот оџа не завршил со езанот и при тоа истакнал дека езанот треба да се почитува. Во продолжение можете да го проследите ексклузивниот видеозапис.  

[Рецензија: „Еве како Али Ахмети го почитува езанот (ВИДЕО)”]

Верата, односно религијата треба да биде нешто лично и кога се работи за јавни личности. Таа не смее да се употребува за производство на вести од јавен карактер, освен во случаи кога јавноста има интерес поврзан со оваа тема. Верувањето во Господ како лична особина не го дефинира присуството или,

Местото на настанот е појдовна точка на веста, а не редакциската канцеларија

на 29. 11. 2016 | | sq

 

Проверка на фактите на местото на настанот или кај директно засегнатите лица во веста, е правило без кое нема професионално новинарство. За жал, бројни се примерите од скојдневиетo, каде гледаме дека новинарите и редакциите не го применуваат овој професионален стандард

  Пишува: Фатлуме Дервиши Развојот на медиумите, масовната употреба на социјалните мрежи, проширувањето на алтернативите за споделување на информацијата го направиja новинарството полесно. Барем, така изгледа на прв поглед.