verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ерол Ризаов

Миленко на утринска исповед

на 5. 04. 2015 | |
Американски пасош – пасош за подобар живот, но истовремено широко користен за заработка на лесни пари преку измама. Фото: Surat Lozowick, 2010   Наместо покајание грешним, слушнавме како бил многу чист и чесен патриот   Пишува: Ерол Ризаов   Миленко Неделковски, познатиот скопски осуденик за измама, отишол на утринска исповед на „Сител“ телевизија да зборува чедно како во црква. И наместо покајание грешним, слушнавме како бил многу чист и чесен патриот. Да се расплаче човек од искреноста на покајникот. Тој направил мал грев поради својот немирен авантуристички дух. Им зел само стотици илјади долари на луѓе, помагајќи им несебично да дојдат до иселенички визи за населување во Америка, ама, ете, визите останале само во неговите убави зборови. Десетици семејства во

Заробени медиуми: Сакаат ли новинарите слобода

на 28. 11. 2014 | | sq
Генералниот сектретар на ЦЕИ – Централно-европската иницијатива, Giovanni Caracciolo di Vietri на консултации со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски по повод преземањето на претседателството врз организацијата од јануари 2015. Фото: ЦЕИ, октомври 2014  

Или поудобна и поисплатлива им е позицијата да бидат во скутот на власта и на државни јасли

  Пишува: Ерол Ризаов   Колку и да изгледа неверојатно, сепак има шанси медиумските слободи во Македонија

Заробени медиуми: Даночниот рај станува пекол

на 3. 11. 2014 | | sq
 

Новите даноци за хонорарците, уште еден силен напад врз слободата на медиумите и независноста на новинарството

  Пишува: Ерол Ризаов   Кон даночниот рај на светот се тркала голем бран. Рамните и ниски даноци, гордоста на оваа влада, сурфаат на цунами бранови, кои уште нестасани до брегот предизвикуваат паника кај луѓето кои мачно го преживуваат месецот, работејќи хонорарно, со договори на дело, со авторски договори и со други видови

Заробени медиуми: „Хихирику“ пак ќе кукурига

на 17. 10. 2014 | |

Ова е мала, но значајна победа на преживеаниот дел на критичката  јавност за ослободување на медиумите

  Пишува: Ерол Ризаов   Има надеж, не е сѐ изгубено. Забранетата „Хихируку“ се враќа на радиобрановите на „Радио Скопје“ по две недели молк. По текстот „Го забранија и Хихирику“ во „Утрински весник“ и по јавниот настап на Конференцијата на СЕЕМО што се одржува во Скопје, на која присуствуваат новинари, медиумски експерти,

Отворено писмо до претседателот на државата Ѓорге Иванов

на 4. 10. 2014 | | sq

Претседателе, почитуван професоре на Правниот факултет и наш колега новинар, убеден сум дека не сте рамнодушни, како што тоа се доживува во јавноста и меѓу нас новинарите, што еден новинар лежи во затвор за напишан текст пред повеќе години во списание кое одамна е згаснато.

  (Заробени медиуми: Слобода за Кежаровски)   Пишува: Ерол Ризаов   Почитуван претседателе на државата, Ѓорге Иванов, Си земам за слобода да Ве поканам во

Заробени медиуми: и весниците умираат од сиромаштија

на 20. 08. 2014 | | sq

Дали некој во земјата знае колку медиуми, весници, телевизии, радиостаници исчезнаа сосе новинари во изминатите 10-15 години

  Пишува: Ерол Ризаов   Економскиот притисок врз медиумите е најсуптилната војна, исто толку ако не и повеќе валкана од другите пресметки, за ставање на новинарството по контрола на политиката. Финансиското истоштување и блокада помалку е видливо од политичко-полициското насилие, но е еднакво опасно, а често и многу пострашно. Економската зависност е посебна

Заробени медиуми: Како пропадна договорот со Владата

на 4. 08. 2014 | |

Тоа што му се допадна на министерот Груевски,  не му се допадна на премиерот Груевски

  Пишува: Ерол Ризаов   Некаде 2001 – 2002 година  неколку  членови  на здружението на работодавачи во медиумите, кое веќе не постои, стасавме во владата на Љупчо Георгиевски  кај тогашниот надежен и реформски  министер за финансии Никола Груевски да му предложиме подеднаков  и поправеден пристап за субвенции на медиумите  од државната каса. И  тој и

Заробени медиуми: Систем за оцрнување на новинарите

на 21. 07. 2014 | |
  Харангата врз новинарите Слободанка Јовановска и Насер Селмани се само уште еден доказ во низата на државната репресија врз новинарството   Пишува: Ерол Ризаов   Политичката контрола и економската зависност на медиумите прераснува во сложен и скап систем кој метастазира во сите пори на заболените и недемократски општества. Војните и диктатурите секогаш почнуваат со убиство на вистината, таа секогаш прва гине. Потоа следува пропагандата за големите успеси на власта

Заробени медиуми: Памфлет против слободата

на 4. 07. 2014 | |

Што содржеше соопштението за медиумите на владејачката партија за трибината на опозицијата: ВМРО ДПМНЕ го покажа својот демократски капацитет подобро од трибината на СДСМ.

  Пишува: Ерол Ризаов   Сосема пристојна јавна трибина во организација на СДСМ уште еднаш го покажа демократскиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ и професионалните дострели на партиски контролираните медиуми. Една, би рекол мирна неколкучасовна академска расправа, која не може дури да се нарече полемика, а уште помалку

Заробени медиуми: А бе, ти уште не си уапсен

на 20. 06. 2014 | | sq

Реченицата од насловот е најпримитивното оправдување за слободата на медиумите од режимот на Груевски.

  Пишува: Ерол Ризаов   Штетите што се нанесени врз македонското новинарство во изминатите 8 години тешко можат да се оправат во наредните 20 години и при идеална демократија. Не се во прашање само воената цензура, драстично ограничените слободи на медиумите и забранетите професионални активности на новинарите, не е пресудна ни драматичната економска зависност на најголемиот