verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Дејан Донев

Непотпишано новинарство – премолчена вистина

на 13. 09. 2015 | |
Евтина забава за народ – полна со невистини. Колаж: СПФМ  

„Медиумите не се само апарат, организација или група, состав, туку, пред сѐ, се диспозитив за креирање конверзациски светови, онаа културно-комуникативна околина во која се втиснати содржините, значењето и колективните гестови кои вршат промена. Создадени преку интеракцијата на политиката, општеството, стопанството и технологијата, тие повторно градат еден систем преку новинарството и јавноста, кои одредувачки влијаат на факторите на индивидуалниот и

Кому кожувчето, кому јорганчето, а јавноста може и со кратки ракави!?

на 28. 08. 2015 | |
Инфотејнмент: Очила и јахти. Колаж: СПФМ    

Паралелно со можностите за енормен развој на масовните комуникации и на масовните медиуми во 20 и особено во 21 век, јавноста станува она поле на општественост во кое на најеклатантен начин се манифестираат односите на општествената моќ. Затоа, контролата на институциите на јавноста, а особено контрола на масовните медиуми, е најважното средство за општествена доминација, затоа што истото ја обезбедува можноста

HERE COMES THE KING AGAIN!

на 14. 08. 2015 | |
Двете лица на пропагандата – изнасилен напад и глорификација на лидерот. Фото: скриншот  

Како што неодамна истакна мојот колега и добар пријател, проф. д-р Нико Карпентије, на конференцијата во Бијело Поље, Црна Гора, во јуни оваа година: Медиумите не треба да се делат, ниту да ја цепкаат јавност на НИЕ и ТИЕ, НАШИ и ВАШИ, ПРЕДАВНИЦИ и ПАТРИОТИ, туку да се борат за доверба, отвореност и искреност. Во спротивно,

Изместувањето на контекстот само ќе ја „нашминка“ реалноста! Зарем живееме во толку лоша реалност!?

на 27. 07. 2015 | |
Контекстот и проблемот на магарето и на воената музика. Фото: скриншот, колаж: СПФМ   Кому и во колкава мера не му се допаѓа реалноста во која живееме, а притоа е нејзин креатор, па им наметнува своја верзија од слободата на изразување и стандардите на професионалното новинарство на самите медиуми да ја креираат по негов терк? Кој толку многу сака, во недостиг од сопствени сили, кадар и од идеи, истата да

Mакедонска „квазигонзо“ новинарска комедија

на 13. 07. 2015 | |
Моментот кога проработе спрејот и почнаа брканиците. „Гонзо новинарство“ или нешто друго. Фото: скриншот   Што значат брканиците на Саше Политико и на Јанко Јади Бурек од гледна точка на начинот на доаѓање до информациите и вистината („Гонзо новинарство“ или не), актуелната политичка криза и одбивањето на владините функционери да даваат интервјуа на кои се можни непријатни прашања, како и општите состојби во професијата.   Пишува: д-р Дејан Донев, вонреден

Животот без политикантство е здодевен, но посигурен!

на 25. 06. 2015 | | en
Фронт. Фото: photo credit: Palestine_Jafra14_NK20068  

Во естрадата и во политиканството треба да знаете да ја забавувате публиката, а во политиката треба да знаете да ја водите!

  Пишува: д-р Дејан Донев, вонреден професор по етика во новинарството и етика во медиумите   Општо познато е дека медиумите имаат незаменлива улога во модерното демократско и плуралистичко општество, како еден од факторите што го овозможуваат неговото функционирање. И покрај тоа што

Во една работа Станковски е во право: му нема крај на „лигавењето“!

на 15. 06. 2015 | |
Некои лигавци не се за потценување, други не се за погледнување. Фото: Фликр, 2011, 2015, 2014. Колаж: СПФМ  

Зошто се дозволува еден облик на вербално изразување на омразата, шовинизмот, расизмот и на ксенофобијата, со цел сатанизирање на одредени национални или политички групации, да стане колективен ако се знае дека се работи за уверување на авторот без јавно признаено право на колективно морално уверување?

  Пишува: д-р Дејан Донев, вонреден професор