Зошто шлицот на Груевски стана вест на денот?
Објавено во: Новинарски лекции
на 23. 09. 2013 | | Автор: Билјана Илиќ
Колку и да се трудеа паркобраните во Скопје да привлечат медиумско внимание, тие станаа вест на денот дури тогаш кога беа нападнати од полициските специјалци. Да се случеше тој настан истовремено со приказната за шлицот и со таа за Цеца во болница, можеби граѓанскиот активизам ќе однесеше победа во битката со „сензационализмот“. Кратка, еднодневна победа.
Пишува: Биљана Илиќ
Пред некој ден, приказната за откопчаниот шлиц на премиерот Никола Груевски стана вест на денот. Единствена сериозна конкуренција ѝ беше веста дека познатата турбофолк ѕвезда Цеца Величковиќ била однесена во болница. Многу луѓе во Македонија, посебно некои што себеси нападно се рубрицираат како „интелектуална елита“, во ова видоа уште една потврда на тезата дека македонското новинарство го допрело „дното“ и