verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Benjamin Arifi

За уличарски речник нема место во медиумите!

на 28. 02. 2017 | | sq

 

Напис: МОЧКОТО АЛАЈДИН ДЕМИРИ!

Одвратно, понижувачко, гадно и навредливо е за сите нас кога на екранот гледаме еден човек како Алајдин Демири како дава мислења за разни општествено-политички настани. Ова навистина ги преминува сите граници и Aлбанците во Македонија, без разлика како се политички ориентирани, не може да бидат понижени до толкава мера и да слушаат од валканата уста и мозок на Алајдин Демири, брборење  кое  смрди на алкохол и на урина. Зошто да глумиме дека сме заборавиле, кога сите ние, како тетовчаните така и Aлбанците знаеме кое е ова ниско суштество во човечка форма што се вика Алајдин Демири. Да се потсетиме: – Алајдин Демири пред десет години формираше политичка партија и на избори од повеќе од 600.000

Што сè не ќе слушне јавноста до формирање на новата влада?!

на 24. 02. 2017 | | sq

Напис: „Журнал“ дознава, „Тирана и Приштина“: Собранието да го води Aлбанец и Али Ахмети да биде претседател на Собранието!?

  Посетата на европскиот комесар Хан во Скопје по сè изгледа ќе го промени дискурсот на преговорите за формирање на новата влада и за излез на земјата од кризата по изборите, која беше предизвикана поради разните околности во кои е вмешан и претседателот на државата, кој сè уште не ѝ го дава мандатот на партијата, на која, според Уставот, треба да ѝ го даде, туку им поставил услов да соберат 61 потпис како парламентарно мнозинство за да им припадне мандатот, откако Груевски не успеа да го состави владиниот кабинет, пишува „Журнал“. Меѓутоа, добро информирани извори на новинската агенција „Журнал“ кажуваат дека

Салиу: 2016, тешка година за албанското новинарство во Македонија

на 12. 01. 2017 | | sq
  Интервју: Исен Салиу, главен уредник на весникот „Лајм“
  Новинар: Бенјамин Арифи Исен Салиу својата работа во новинарството ја почна во 2000 година, во дневниот весник „Факти“. Краток период работеше за „Коха диторе“, а во весникот „Лајм“ е од 2005 година. Од 2007 година е именуван за главен уредник во овој весник, кој во моментов е најстариот дневен весник на албански јазик што опстанува на медиумскиот пазар во Македонија.

Текст во служба на политиката наместо на читателот

на 10. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Африм Гаши, со сè уште непотврден мандат, во служба на ВМРО-ДПМНЕ

В петок, значи утре, во 13 часот, ќе се конституира новиот собраниски состав со пратениците избрани на изборите од 11 декември. Од тоа што дознава порталот „Фол“, партиите уште пред да почне седницата се конфронтирале во врска со правилникот за тоа кој треба да ја води конститутивната седница. Избраниот пратеник од Движењето Беса, Африм Гаши, наместо да го одбрани правилникот за тоа кој треба да ја води конститутивната собраниска седница, тој се изјаснил дека не е важно кој ќе го води Собранието. ДУИ веќе една недела вели дека според правилникот, седницата треба да ја води најстариот пратеник, кој е чичко Бранко изјаснет како Албанец, но на ова

Во вести не се сатиризира, туку се аргументира

на 27. 06. 2016 | | sq

Напис: Али Ахмети ќе добие 200 илјади гласови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе излезе победник и на следните парламентарни избори. Независно од деградацијата на албанското прашање, убиствата на командантите и на борците за слобода, апсењата, претресите, малтретирањата и сиромаштијата, Албанците пак ќе гласаат. Се зборува дека овојпат тој ќе добие 200 илјади гласови за да му служи на Груевски до гроб. Со Мијалков, Чавков ќе оркестрира уште многу други случаи, слични на Куманово, ќе има и нови апсења до последниот борец на ОНА. Ќе има уште многу други сценарија. Албанскиот јазик ќе продолжи да се деградира, знамето ќе се распарчи и смали уште повеќе, рокот на ОД ќе се одложи до 2030 година, но ако, Албанците пак одлучиле да

Арта Тахири: Основен критериум за напредок во новинарството треба да бидат квалитетот и професионализмот

на 24. 06. 2016 | | sq
  Арта Тахири   Пишува: Бењамин Арифи Арта Тахири е една од најистакнатите медиумски лица во новинарството на албански јазик во Македонија. Нејзиното патување како новинар опфаќа период подолг од две децении и качување на сите скали на професијата, од 1995 година со „Гласот на Куманово“, потоа во ТВ „Феста“ до 2000 година, ангажманот во јавниот сервис МТВ до 2006 година, соработката со ТВ „Еј-би-си њуз“ и ТВ „Клан“ во

Површно и погрешно пренесување на информациите

на 22. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Анкета на ИРИ: ДУИ на прво место, борба меѓу ДПА и ДР-ДПА за второто место

Според анкетата реализирана од ИРИ, Американскиот републикански институт со седиште во Вашингтон, од албанските партии ДУИ продолжува да биде најдоверлива кај Албанците со 6 отсто. Борба се води за второто место, меѓу ДПА, Беса и ДР-ДПА.   [Рецензија – Анкета на ИРИ: ДУИ на прво место, борба меѓу ДПА и ДР-ДПА за второто место] Една мултидимензионална анкета за рејтинзите на политичките партии, и не само за нив, во текстот што го рецензираме е пренесена само со две реченици. И овој краток текст, таков каков што е, повеќе шири магла отколку што ги појаснува работите. Дури, се забележува и искривување на фактите од анкетата.

АНАЛИЗА: Анкетите и медиумите – Селективно читање и површност во пристапот

на 22. 06. 2016 | | sq

Судејќи според последната анкета на ИРИ, селективно известување, прикривање факти, дури и манипулација со резултати, беа некои од аномалиите што можеа да се забележат кај добар дел од медиумите на албански јазик што ѝ се обраќаат на јавноста во Македонија

 

Пишува: Бењамин Арифи

Последната анкета на Американскиот републикански институт (ИРИ) уште еднаш ги истакна недостатоците на медиумите на албански јазик во Македонија, конкретно недостигот од вистинско пренесување на истражувањата

Во новинарството нема место за омаловажување

на 20. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Премиерот Димитриев ги „наполна гаќите“ од „тато Германец“, еве што му вети

Претседателот на Владата, Емил Димитриев, денеска во Скопје се сретна со специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл. Соговорниците дискутираа и разменија информации за актуелната политичка состојба, за процесот на интеграција, како и за процесите што се преземаат во рамки на планот за дејствување за спроведување на приоритетите на итните државни реформи, пренесува „Тетова сот“. Димитриев рече дека клучно за владата е постигнување на прогрес во областа на евроинтеграциите, што резултира со голема интензивност за спроведување на препораките. Тој рече дека се спроведуваат стотици реформски мерки кои ги иницира владата и на овој начин се компензира периодот кога беа распишани изборите и кога таквите активности не одеа според

Фактите не се кријат лесно, исто и непрофесионализмот

на 14. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Ким Мехмети ја крие својата биографија, не кажува дека бил функционер на ДУИ!

Скопје, 20 февруари – „Ким Мехмети, македонски патриот кој албанството го направи своја професија“, е наслов објавен на порталот „Индекс онлајн“, на 29 ноември 2015 година. Веста зборуваше за тоа како„писателот и аналитичарот Ким Мехмети ги коментирал обвиненијата против него дека некогаш ја поддржал ДУИ, додека пак денес ја критикува“, како што извести овој портал. Но, ова етикетирање не е целта на нашата вест. Агенцијата за вести „Журнал“ ја истражи биографијата на Ким Мехмети објавена на интернет, каде недостига еден нејзин дел. Во биографијата никаде не се спомнува периодот кога тој ја вршел функцијата одговорен на јавниот сервис, на Македонската телевизија, во редакцијата на албански