Рецензија: ВИДЕО: Говорот на Груевски додека не се научи напамет
Објавено во: Рецензии
на 9. 01. 2015 | | Автор: Ана Анастасовска
Овој напис е класичен пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски текст. Текстот изобилува со коментари, што е видливо уште во самиот наслов, без потпишан автор, без никакви заклучоци и извори. Направен е обид да се направи анализа на начинот на кој се пренесувало новогодишното обраќање на премиерот на националните телевизии и во дел од порталите, но таквиот обид пропаднал бидејќи во текстот нема релевантни изјави, нема извори ниту, пак, линкови. Текстот е пристрасен и коментаторски.
Линкуван наслов на анализираниот напис: ВИДЕО: Говорот на Груевски додека не се научи напамет
Датум и време на објавување: 01.01.2015
Датум на рецензирање: 08.01.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„Северна Кореја ли сме, или пак се вративме во некои други времиња?
Започна