verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Пешев

Тенденциозен и навредлив материјал

на 7. 10. 2016 | |

[Рецензија:ИНЦИДЕНТ ВО КАФУЛЕТО ЛАЈКА ВО СКОПЈЕ: Режимското ку..онче Бетмен Велит фатил да го брани Грујо и ВМРО ДПМНЕ на маса со пријатели на Трендо, Логин Кочишки го измлатил како магаре]

  Материјалот пред нас е тенденциозен и натежнува од навреди кон личноста што се споменува. Од бројни информации на социјалните мрежи, изборот токму на овој наводен инцидент, дополнително „зачинет“ со вулгарности и со коментари, јасно кажува каква намера има објавата што ја рецензираме. Нејасно е зошто овој „настан“, воопшто, е третиран како важен за пошироката публика и каков е јавниот интерес од ваквата „вест“? Линк до оригиналниот напис: ИНЦИДЕНТ ВО КАФУЛЕТО ЛАЈКА ВО СКОПЈЕ: Режимското ку..онче Бетмен Велит фатил да го брани Грујо и ВМРО ДПМНЕ на маса со пријатели

ТВ-дневник: Виртуелна валута поважна од истрага за реален криминал

на 30. 09. 2016 | |
Чуден редослед – „Трезор“ на крај дополнет со несодржајни информации. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Алфа“ во 17.30 часот на 28 септември 2016 година]

 

Информацијата за новиот случај на Специјалното јавно обвинителство не добива приоритет во вестите на ТВ „Алфа“. Наместо тоа, информативниот блок се отвора со предупредување од централната банка, а кога веќе ќе се дојде до една од најактуелните теми на денот, во прилогот

Тенденциозна и навредлива објава

на 28. 09. 2016 | | sq

[Рецензија: Платенички дебакл: Ни за пари нема кој да ја поддржи Катица (ФОТО)]

  Текст без прецизни извори на информации, полн со коментари, без никаква атрибуција на неиздржаните тврдења и во кој фотографиите се употребуваат за манипулација со фактите Линк до оригиналниот напис:Платенички дебакл: Ни за пари нема кој да ја поддржи Катица (ФОТО) Датум и време на објавување: 26.09.2016 20:37 Датум на рецензирање: 27.09.2016 Рецензент: Александар Пешев  

МНОГУ ПРАШАЛНИЦИ

Насловот на објавата е видно тенденциозен. Се тврди дека демонстрантите се платени, а нема никакви докази за ваквото тврдење, нема нотирани официјални ниту, пак, неофицијални извори или атрибуција, поточно не се цитираат соговорници. Под коментаторскиот наслов имаме коментаторски текст, кој ги прозива специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и

Познато сценарио: Политичко „фарбање“ на „Шарената револуција“

на 27. 09. 2016 | |

[Рецензија: ПОЗНАТО СЦЕНАРИО: Преку „шарените“ Заев спрема терен за уште едно одлагање на изборите]

  Еднострана објава со тенденциозен, сензационален наслов насочена кон напад на политички противник, со употреба на коментари кои укажуваат на политичка пристрасност. Активностите на опозициската партија се ставаат во контекст на протестот на „Шарена револуција“ без понуда на јасен извор на информации, со кои би се потврдила поврзаноста за која се тврди дека постои. Линк до оригиналниот напис: ПОЗНАТО СЦЕНАРИО: Преку „шарените“ Заев спрема терен за уште едно одлагање на изборите  Датум и време на објавување: 26.9.2016, 11:23 Датум на рецензирање: 26.09.2016 Рецензент: Александар Пешев

ВИРТУЕЛЕН ДОКАЗ

Во воведот на текстот се говори за „доказ“, а не се презентираат никакви податоци што би го поддржале тврдењето

Само да се удри по Јанева!

на 26. 09. 2016 | | sq

[Рецензија: Видео: Еве како изгледа ненарачано и нарачано интервју под контрола на СДСМ]

  Еднострана непрофесионална објава чија идеја е да нанесе штета на угледот на специјалната јавна обвинителка. Уште самиот тенденциозен наслов навестува каков политички пристрасен текст им се презентира на читателите. Линк до оригиналниот напис: Видео: Еве како изгледа ненарачано и нарачано интервју под контрола на СДСМ
Датум и време на објавување: 21.09.2016, 09:29 Датум на рецензирање: 25.09.2016 Рецензент: Александар Пешев  

 СУПЕР Е ЗВРЛЕВСКИ, ЈАНЕВА НЕ ЈА БИВАЛО!

За овој напис не е спорно тоа што суров материјал е пуштен во јавноста и тоа од националниот сервис, платен со народни пари. Наместо тоа, во текстот се прави споредба на настапот на Јанева со едно интервју на јавниот

Злонамерни и неосновани обвинувања

на 22. 09. 2016 | |

[Рецензија: ЗЕКИРИ ПОТВРДИ ДЕКА СЕ СРЕТНАЛ СО ТЕРОРИСТИТЕ: Убијци, терористи и криминалци од Косово вклучени во црно сценарио на СДСМ!]

  Неосновани обвинувања за наводни средби со криминалци и со терористи немаат место во каква било објава насочена кон јавноста, најмалку во новинарски текст. Имаме едностран напис, ставен во функција на оцрнување на личност која неодамна се приклучи кон најголемата опозициска партија, а истовремено во него се напаѓаат и други членови на СДСМ. Повикот за прозваните да се изјаснат за обвинувањата не е оправдан со нотирање дека редакцијата направила обид да ги контактира. Линк до оригиналниот напис: ЗЕКИРИ ПОТВРДИ ДЕКА СЕ СРЕТНАЛ СО ТЕРОРИСТИТЕ: Убијци, терористи и криминалци од Косово вклучени во црно сценарио на СДСМ! Датум и време на

Известување или медиумско судење?

на 19. 09. 2016 | |
Коментаторскиот и тендециозен наслов, практично го најавува написот кој е во ист стил. Едностраноста се забележува во изоставените изјави од денот на настанот. Политичката пристрасност е јасна од коментарите, а забележливи се и обидите за лична дискредитација.  Линк до оригиналниот напис: Специјален циркус од Обвинителството: Катица не слушнала за благодарницата на Верушевска Датум и време на објавување: 16.09.2016 Датум на рецензирање: 17.09.2016 Рецензент: Александар Пешев Веднаш под насловот кој го дискредитира Специјалното јавно обвинителство на тој начин што го опишува како специјален циркус, има краток видеозапис насловен „Јанева не слушнала за благодарноста на Верушевска до Заев“. Прашањето насочено кон специјалниот јавен обвинител е како ја коментира благодарност до Заев од страна на сопругата на Зоран Верушевски, на што Катица Јанева

ТВ-дневник: Коректив на граѓаните – промотор на власта и на партијата

на 16. 08. 2016 | |
Груевски прашува, цела држава одговара, медиумите неми набљудувачи. Фото: скриншот  

Медиумите треба да бидат коректив на власта, но во случајов имаме дневник кој е коректив на граѓаните. Коментарите се поддржуваат со спинувани изјави и со забележителен напор на репортерите да ги натераат своите соговорници да изјават дека и да има проблеми, истите се решаваат. Решение на проблемите, според медиумот, е партиски лидер кој се презентира како испрашува државни функционери

Сензационализам од погреб

на 16. 08. 2016 | |
   

[Рецензија: Ти си се на мајка, ќе дојдам по тебе – одекнуваа на гробиштата лелеците на мајката на детето што се обеси]

  Во новинарските кругови постои поделеност околу тоа дали треба да се известува за самоубиства или не, имајќи го предвид јавниот интерес. Текстот што тука го имаме неоправдано оди чекор понатаму и отстапува од професионалните стандарди, со тоа што сензационално известува од погреб на малолетник, кој, наводно, се самоубил. Се добива впечаток дека се брка погребална кола за да се оствари читаност и гледаност, без никакво почитување на туѓата болка и жалост.
Линк до оригиналниот напис: Ти си се на мајка, ќе дојдам по тебе – одекнуваа на гробиштата лелеците на мајката на детето што се

Празно сензационално предупредување

на 15. 08. 2016 | |
   

[Рецензија: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и ветер]

Кога се известува за чувствителна тема како можен ризик од влошување на ситуацијата на лица погодени од елементарна непогода, нема место за сензационализам. Особено проблематично е што имаме текст кој се сведува на временска прогноза и не дава одговор на клучното прашање: ако повторно заврне, дали ќе има нови поплави?     Линк до оригиналниот напис: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и ветер Датум и време на објавување: 09.08.2016 – 19:03  Датум на рецензирање: 13.08.2016 Рецензент: Александар Пешев   ПРОМАШУВАЊЕ ОД НЕКОЛКУ АСПЕКТИ Имаме текст кој се базира на веќе очигледно промашена временска прогноза. Насловот, иако соодветен на остатокот од текстот, остава впечаток на