verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Пешев

Непоткрепени обвинувања и вулгарност

на 20. 12. 2016 | |

[Рецензија: ЕВЕ КОЈ СЕ ЗАКАНУВА ПО ДЕВОЈКИ И ПО ОПОЗИЦИСКИ НОВИНАРИ И КОЈ КРАДЕ КРСТОВИ ОД ГРОБИШТА КОЈ ПОТОА СО ИМЕТО НА ЗОРАН ЗАЕВ ВРЗ НИВ ШЕТА СО НИВ]

  Во објавата пред нас имаме изнесени обвинувања без докази. Одлуката интегрално да се пренесе допис од прозваното лице, ја става оваа медиумска содржина во улога на платформа за оцрнување и за ширење невкус. А, употребата  на недолични изрази  само го дополнува впечатокот за непрофесионалност. Линк до оригиналниот напис: ЕВЕ КОЈ СЕ ЗАКАНУВА ПО ДЕВОЈКИ И ПО ОПОЗИЦИСКИ НОВИНАРИ И КОЈ КРАДЕ КРСТОВИ ОД ГРОБИШТА КОЈ ПОТОА СО ИМЕТО НА ЗОРАН ЗАЕВ ВРЗ НИВ ШЕТА СО НИВ Датум и време на објавување: 18.12.2016 Датум на рецензирање: 19.12.2016 Рецензент: Александар Пешев  

Со недоличен речник кон дното

на 19. 12. 2016 | |

[Рецензија: Јовановски до Ванхауте: Би ти препорачал да си најдеш џамче од пелистерка]

  Самата одлука за пренесување на фејсбук-статус полн со вулгарности кои се граничат со говор на омраза го прави медиумот соучесник во ширење нетрпеливост и во вулгарно дискредитирање на неистомислениците, во конкретниот случај еден странски дипломат. Објавата го допира дното, а мотивот за нејзиното објавување создава сомнежи за политичка пристрансост. Линк до оригиналниот напис: Јовановски до Ванхауте: Би ти препорачал да си најдеш џамче од пелистерка Датум и време на објавување: 14.12.2016, 17:55 Датум на рецензирање: 16.12.2016 Рецензент: Александар Пешев  

ГОВОР ПОЛН СО ОМРАЗА

Стандардите јасно диктираат дека новинарот е должен да ја негува културата на говорот и етиката. Членот 15 од Кодексот на новинари дополнително

Со леснотија истурени обвинувања за изборна кражба

на 16. 12. 2016 | |

 [Рецензија: СДСМ и Беса главни играчи за кражба на изборната волја на Македонците]

  Во написот врамен со тенденциозен наслов се редат серија обвинувања на сметка на опозициските партии, СДСМ и Беса, дека наводно сакаат да ја украдат „волјата на мнозинството граѓани преку изборен инженеринг“. Приказната се дава само од еден агол, без да се направи обид да се добие реакција од прозваните субјекти кои со леснотија се дискредитираат. Но, затоа е пренесен став на еден аналитичар, чие мислење секогаш се совпаѓа со тоа на владејачката партија. Накратко, имаме едностран, нагласено пристрасен и манупулативен материјал. Линк до оригиналниот напис: СДСМ и Беса главни играчи за кражба на изборната волја на Македонците Датум и време на објавување: 14.12.2016, 12:34 Датум

Чиста шпекулација спакувана како ексклузивна вест

на 15. 12. 2016 | |

[Рецензија: Изборен ПАЗАР се случува во ИЕ6 – СДСМ со помош на дипломатскиот кор купува ЕДЕН пратеник од ДУИ – ЕКСКЛУЗИВНА ВЕСТ]

Написот е најавен како ексклузивна вест, но фактички претставува ексклузивна композиција од коментари. Нема изјави, нема извори, ниту официјални, ниту неофицијални, така што изнесените тврдења се неосновани. Линк до оригиналниот напис: Изборен ПАЗАР се случува во ИЕ6 – СДСМ со помош на дипломатскиот кор купува ЕДЕН пратеник од ДУИ – ЕКСКЛУЗИВНА ВЕСТ Датум и време на објавување: 12.12.2016, 17:34 Датум на рецензирање: 14.12.2016 Рецензент: Александар Пешев

  ОТСУСТВО НА ИЗВОРИ

Во првата реченица се најавува екслузивна вест. Тоа подразбира дека медиумот е прв и единствен што добил информација од даден извор или обезбедил докази за информацијата што се презентира.

Што по изборите – медиумите во реформските приоритети

на 12. 12. 2016 | |
Спроведување на медиумските реформи од извештајот на Прибе – европски печат за напредок во евроинтеграциите. Фото: pixabay
 

По изборите, меѓународната заедница очекува остварување на реформските приоритети. Од Европската комисија посочија дека успешните избори се само првиот чекор во пржинскиот процес, а се претпоставува дека од победниците на 11 декември ќе се очекува конкретен план и стратегија за остварување на приоритетите во даден временски период. Медиумите и слободата на изразувањето

Фотографијата, сепак, не ги заменува фактите

на 6. 12. 2016 | | sq

 [Рецензија: (ФОТО) Возило на ЈП Македонски Шуми во Прилеп претоварено со “НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА” врши предизборен поткуп]

Краткиот напис од само две реченици остава простор за сериозни забелешки околу професионалните стандарди. Како единствен „доказ“ дека возило на едно јавно пертпријатие, наводно, се злоупотребува за изборни цели, е понудена фотографија со релативно ниска резолуција. Од ваквата нејасна фотографија воопшто не може да се види дали станува збор за службено возило и дали тоа  е „претоварено со новогодишни пакетчиња“, ниту, пак, во кусиот текст има некаква потврда за тоа дека се прави „предизборен поткуп“, како што се тврди во насловот. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) Возило на ЈП Македонски Шуми во Прилеп претоварено со “НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА” врши предизборен поткуп Датум и време на

Жесток напад врз опозицијата, непоткрепен со докази

на 5. 12. 2016 | |

 

[Рецензија: СДСМ продолжува со старата практика на евтино купување гласови (ФОТО)]

    Серијата коментари за актуелни и минати настани во рецензираниот текст се спротивност на професионалните стандарди. Неспоменувањето на однесувањето на други партии во предизборната кампања го прави текстот едностран и, во комбинација со коментирањето, создава сомнежи за политичка пристрасност. Линк до оригиналниот напис: СДСМ продолжува со старата практика на евтино купување гласови (ФОТО) Датум и време на објавување: 01.12.2016 Датум на рецензирање: 03.12.2016 Рецензент: Александар Пешев   Воведот на текстот претставува коментар со печатна грешка. Се тврди дека „…СДСМ исто како во минатот продолжува со старата практика за евтино купување гласови од граѓаните…“. Ваквиот вовед, инаку, во нормални околности значи почеток на

Изнасилени фалби за власта

на 1. 12. 2016 | |

[Рецензија: Попоски маестрален, Пендаровски катастрофален (ВИДЕО)]

  Кратка вест од два пасуса под коментаторски наслов која се повикува на блокиран видеозапис. Кога се прикажува видеоматеријал, во согласност со професионалните практики, впечатоците треба да ѝ се препуштат на публиката. Во конкретниот случај, авторот на видеозаписот му ја одзел дозволата на интернет-медиумот да ја реемитува дебатата, па гледачот нема никаков извор на информации освен туѓите впечатоци. Линк до оригиналниот напис: Попоски маестрален, Пендаровски катастрофален (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 30.11.2016 Датум на рецензирање: 30.11.2016 Рецензент: Александар Пешев    

НАМЕСТО ФАКТИ – ВПЕЧАТОЦИ

Наместо публиката самата да процени, написот  уште во самиот наслов споделува впечатоци. Кој утврдил дека Попоски е маестрален, а Пендаровски е катастрофален? По кој критериум

ТВ-дневник: Непрофесионален и опасен политички памфлет

на 25. 11. 2016 | |
Фалби за едните, напади врз другите – исто како и пред изборите, само сега со кревање етнички тензии. Фото: скриншот

[Критички осврт на ТВ-дневникот на „Сител“ во 19 часот на 23 ноември 2016 година]

 

Имаме дневник кој си игра со оган. Реториката е јасно насочена кон политичка дискредитација и тоа со употреба на меѓуетничките прашања како оружје за напад против опозицијата. Сето тоа е потенцијално опасно, бидејќи начинот на

ТВ-дневник: Сеопфатна слика на дневните настани со еднакво одвоена минутажа за сите релевантни и засегнати страни

на 16. 11. 2016 | |
Престрелката на Партизанска – сите страни на приказната, заклучоците оставени на истрагата. Фото: скриншот  

[Критички осврт на дневникот на МТВ 1 во 19.30 на 15 ноември 2016 година]

 

Критиките од Брисел за неизбалансираност на адреса на националниот сервис го покреваат прашањето дали има подобрување на вестите на првиот програмски сервис на МТВ? Дневникот во 19 часот и 30 минути дава сеопфатна слика на дневните настани со еднакво одвоена