verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Пешев

Еднострана повреда на презумцијата на невиност

на 11. 02. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Грците го бранат Заев]

  Паѓање во замка или отслужување на политичка агенда – што и да претставува овој материјал, не би било коректно да го наречеме новинарски прилог. Се создава основа за спин, без понуда на докази за констатациите. Едностраноста ја обезбедува еден единствен соговорник, за кој се тврди дека зборува во име на целата академска јавност за, на крај, под закрила на експертиза, да се направи повреда на презумцијата на невиност. Линк до оригиналниот напис: Грците го бранат Заев Датум и време на објавување: 03.02.2015 Датум на рецензирање: 07.02.2015 Рецензент: Александар Пешев  Имаме класичен новинарски спин кој се одвива на неколку нивоа. Пред сѐ, грчките медиуми се издвојуваат како потенцијално непријателски со генерализирање на констатација на

„Бог да чува“ новинарство

на 2. 02. 2015 | | sq
  Сензационализам базиран на урбана легенда. Непотребно потресување на гледачите со информативен наслов, кој создава впечаток дека дента се случило нешто потресно. Единствената „шокантна“ работа во ваквата објава е што се сметало за целсходно да се препише мит и истиот да се пласира како информација. Наслов на анализираниот напис: Приказна која ќе ве шокира: Момчиња загинале во сообраќајка, а во багажникот… Датум и време на објавување: 27.01.2015 Датум на рецензирање: 02.02.2015 Рецензент: Александар Пешев Несериозно и непотребно оптоварување на медиумскиот простор со урбана легенда која веќе подолго време кружи низ социјалните мрежи и преку електронска пошта. Содржина која не е соодветна за целата публика и не се знае зошто воопшто е битна ваквата информација. Ако функцијата на едно јавно гласило

Добро… Зошто?

на 29. 01. 2015 | | sq
 

[Рецензија на објавата: ФОТО: Прочитајте како Александар од Крива Паланка и врати на неверната девојка]

  Несериозна копирана објава, полна со вулгарности на кои не им е место во новинарски текст, па макар и биле во форма на цитат или, во случајов, фотографија. Разговорот е препишан и преведен на македонски од странски блог, со што Александар од Крива Паланка веројатно не постои или воопшто не разговарал со овие зборови.  Објавата не го одговара клучното прашање кое треба да си го постави секој новинар пред да објави информација – па што? Во овој случај: па што ако двајца полемизирале или се расправале на социјалните мрежи? Со сигурност може да се каже дека не се ни први, ниту, пак, последни. Мора

Спинување со коментари на сметка на угледот

на 19. 01. 2015 | | sq
 

(Рецензија на написот: “Професорката “бегалка” избега и од емисијата на Ефтов)

  Текст кој со коментаторски елементи употребува постапка на професорка при јавен настап за да постигне спин со крајна цел – да даде еднострана подршка на владина иницијатива која се преточи во закон. Еднострана, неизбалансирана објава која има елементи на политичка пристрасност и на навивање. Линк до анализираниот напис: Професорката “бегалка” избега и од емисијата на Ефтов Датум на објавување: 15.1.2015 Датум на рецензирање: 18.1.2015 Рецензент: Александар Пешев На прв поглед, не е јасно каква објава имаме пред нас. Дали станува збор за осврт или информативен текст? Во секој случај, видно се издвојува епитетот „професорката бегалка“, што во основа не е поврзано со извор или нечија изјава. Во

Кога новинарството навива

на 15. 01. 2015 | | sq
[Рецензија: Државниот испит ќе биде на тест, одѕивот на протестите паѓа] „Напред реформи и еве зошто“. Вака накратко може да се резимира текстот, кој во отсуство на евиденција на извори, се обидува да го убеди читателот во исправноста на реформите во високото образование и да ги дискредитира противниците на владината иницијатива. Новинарството не треба да навива.  Рецензија: Државниот испит ќе биде на тест, одѕивот на протестите паѓа  Датум и време на објавување: 14.1.2015 Датум на рецензирање: 15.1.2015 Рецензент: Александар Пешев Функцијата на новинарството не е да ја тера публиката да прифати одреден став, туку да го информира гледачот или читателoт, оставајќи го сам да го формира своето мислење. Евидентно е дека тука немаме таков текст. Недостигаат атрибуции и изјави од

ТВ-дневник: Добар почеток, па тенденциозност

на 10. 01. 2015 | |
Известувањето за Законот за високо образование како да не може да помине без неизбалансираност. Фото: Видеоклип скриншот  

[Анализа на ТВ-дневникот на „Сител“ на 9 јануари 2015 година во 19 часот]

 

Веќе во 26. минута се нуди информацијата за комисиските расправи. Самиот прилог е едностран… Прозваниот „Професорски пленум“ не е консултиран во врска со обвинувањата дека го губи кредибилитетот, што, во основа, создава простор за сомнеж за новинарски спин со употреба на тенденциозен избор на соговорници. Впечатокот се зајакнува ако се има предвид дека имаме некомплетирана информација, поточно воопшто не се споменува барањето на ректорите за одложување на расправата за новите законски измени.

  Пишува: Александар Пешев     Главниот форшпан, имено прегледот на настаните на денот, ветува разноликост

Сивата зона на слободниот говор и црвените линии на професионалноста

на 9. 01. 2015 | | sq
Слободата на говорот и професионалните новинарски стандарди. Фото: George Oates, Free Speech Mural, Southside, Berkley, California, 2009  

Сè почнува од следново: имам право да си кажам што мислам (и тоа секаде, а не само во колумна). Оттука следи лавина од непрофесионални текстови полни со коментари и со клевети, оцрнување на лица од јавниот и од политичкиот живот или на обични граѓани, говор на омраза, непроверени информации…

  Пишува: Александар

Филувани коментари за спинуван напад

на 7. 01. 2015 | |

[Рецензија на текст со наслов: Нулта професорите трет ден не одат на работа, деканот Давитковски- неработник на годината!]

Пред нас имаме текст кој создава впечаток дека медиумот е виктимизиран со тоа што не добил информации од избрани професори кои ги именува за политичка асоцијација без конкретни докази за читателот. Имаме едностраност, неизбалансираност и прозивање на академски граѓани и жигосување. Наводни факти се накалемени на коментари со што се постигнува новинарски спин, со јасна крајна цел – дискредитирање на тројца професори. Линк до анализираниот напис: Нулта професорите трет ден не одат на работа, деканот Давитковски- неработник на годината! Датум и време на објавување: 31/12/2014 Датум на рецензирање: 03/1/2015 Рецензент: Александар Пешев Аголот на приказната се базира на тврдења на кои не

Рецензија: Секоја 15-та Македонка е фригидна

на 25. 12. 2014 | | sq
  Чувството кога медиумите ќе ви влезат во кревет – во овој случај за да ги пребројат фригидните жени и импотентните мажи и да ве тешат дека, сепак, Македонија не е најлоша во регионот. Направен е обид да се известува за интимен проблем „без влакна на јазикот“ на површен начин. Не е земено предвид дека станува збор за чувствителна тема, па така состојбите што се опишуваат се дефинирани како болест и се нудат рецепти за „лечење“ со една единствена изјава од компетентен извор и со коментари на непознат автор. Линк до анализираниот напис: Секоја 15-та Македонка е фригидна Датум и време на објавување: 23.12.2014 Датум на рецензирање: 24.12.2014 Рецензент: Александар Пешев Можеби мислите дека за мир во куќа треба леб

Рецензија: Катастрофален крај: Сите компјутери ќе „умрат“ на 19 јануари 2038 година?!

на 23. 12. 2014 | |
  Фрлајте ги комјутерите луѓе затоа што за 23 години нема да ви работат. Како на друг начин да ја сфатиме пораката што треба да се испрати со овој напис, кој наликува на предвидувањата за крај на светот поради Y2K пред почетокот на новиот милениум. Да потсетиме, наспроти тогашната медиумска паника и холивудските сензационални филмови, предвидувањата не се остварија. Ако компјутерската индустрија комплетно пропадне во блиска иднина и ако останеме со машините што денес ги користиме, богами и би требало да се плашиме од овој „катастрофален крај“ кој се предвидува. Линк до анализираниот напис: Катастрофален крај: Сите компјутери ќе „умрат“ на 19 јануари 2038 година?! Датум и време на објавување: 19.12.2014 Датум на рецензирање: 21.12.2014 Рецензент: Александар Пешев Нема евидентирано