Рецензија: Сомнително: Затвораат филијали на Балканот, откупуваат злато кај нас
Објавено во: Рецензии
на 8. 10. 2013 | | Автор: Александар Писарев
Текстот почнува со сензационална констатација дека Балканот го тресе златната треска и дека поради тоа во Босна и Херцеговина, Србија и Mакедонија се отворени стотици филијали на неколку компании што се бават со откуп на злато. Но, текстот се занимава само со една компанија „Голд ексчејнџ“ и со проблемот околу затворањето на нејзините канцеларии во БиХ и Србија, каде наводно вработените останале без плата, а од Србија наводно се изнесени околу 50 килограми злато проценето на 5 милиони евра.
Нема објаснување за причините зошто се отворени толку откупни центри и зошто се затворени. Нема одговор што е тука сомнително и што е балканско, бидејќи се работи за само три бивши југословенски републики.
Линк до оригиналниот напис: СОМНИТЕЛНО: Затвораат филијали на