Рецензија: Едмонд Адеми повикува на насилство помеѓу Македонците
Објавено во: Рецензии
на 19. 01. 2015 | | sq Автор: Александар Писарев
Текстот прави „анализа“ на една општо прифатена дефиниција, историски потврдена многупати, за тоа како паѓале режимите низ историјата и како секој народ ја стекнувал слободата, објавена на „Фејсбук“ и, за разлика од авторот на „новинарската творба“, потпишана.
Од тоа се прави конструкција, при што заради фејсбук-статус уште во насловот се изнесуваат обвинувања за повик на насилство. Притоа, насловот е „филуван“ и со етничка компонента за на сопственикот на „инкриминираниот“ фејсбук-статус, Едмонд Адеми, да му се припише нешто што воопшто не го напишал – повик на насилство помеѓу Македонците. Многу опасна и загрижувачка конструкција со која се сака да се каже дека Адеми „прижелкува да види крв само на Македонците“.
„Инквизицијата“, меѓутоа, не се задоволува само со повик за отстрел