verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Adrian Kerimi

Напис кој поттикнува омраза

на 27. 05. 2016 | | sq

Напис: Споменикот на навредувачот на пророкот Мухамед ќе се постави среде Скопје

Три планирани споменици ќе се постават во центарот на Скопје, кои се веќе се влезени во територијлните планови на Република Македонија, а меѓу нив и тој на Пјетер Богдани, остар критичар на Албанците муслимани, пренесува порталот „Илирида“. На социјалните мрежи почнале да се прават повици против поставувањето на неговиот споменик во Скопје, каде мнозинството Албанци припаѓаат на исламската вера, критикувајќи ја остро ДУИ на Али Ахмети и најавувајќи протести за да се запре овој криминал против муслиманите. Во неколку книги од Пјетер Богдани, пророкот Мухамед се обвинува како навлечен на блуд и како хипокрит. За исламот тој вели: „Исламот е инспирација на ѓаволот“. Омразата на Пјетер Богдани против

Ни месо, ни риба!

на 27. 05. 2016 | | sq

Напис: Расте бајрактаризмот

Бледнее улогата и силата на политичките партии, по континуираниот пораст и несогласувањата што се шират на големо во внатрепартиските табори. Нетрпеливоста кон политиката на лидерот и на раководството е една појава што секој ден ја зголемува индивидуалната активност на политичарите, кои ги користат своите независни позиции за да изразат незадоволство во врска со внатрешните политики. Од напуштањата на ДУИ, произлезе новата партија Унитети, од напуштањата на ДПА излезе ДР-ДПА и други политички партии како Беса и НДП. Од друга страна, пак, и новите партии не покажале некоја подготвеност за формирање еден опозициски фронт. Универзитетскиот професо д-р Осман Кадриу неодамна за ИНА истакнал дека таквата појава е повеќе од евидентна кај албанскиот политички спектар, меѓутоа според него, овие

Непотребниот хумор ја намалува вредноста на информацијата

на 23. 05. 2016 | | sq

Напис: Дојде „Германецот“, лидерите ги наполнија гаќите

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија и амбасадор во Виена, Јоханес Хајндл, денеска во 12 часот слетал на скопскиот аеродром, каде беше пречекан од германската амбасадорка, Кристин Алтхаузер. Во 15 часот е најавено дека Хајндл ќе се сретне со министерот Никола Попоски во Министерството за надворешни работи. Тој денеска и утре ќе престојува во Скопје, каде што ќе разговара и со претставници од четирите политички партии, потписници на Договорот од Пржино. Хајндл, како што извести германската амбасада, воземјава ќе има средби и со амбасадорот на САД, Џес Бејли, и со другите амбасадори од земјите на ЕУ.

[Рецензија: Дојде „Германецот“, лидерите ги наполнија гаќите]

Апсурдно е новинарот да употреби таков речник во жанрот на

Обожување и омраза!

на 20. 05. 2016 | | sq

Напис: Мендух Тачи се наоѓа во тешка ситуација, не знае на чија страна да биде?!

Претседателот Мендух Тачи уште не излегол со јасен став за тоа дали ќе учествува на изборите од 5 јуни. Се дознава дека Тачи е во голема мака, бидејќи од една страна се наоѓа под силен притисок на меѓународната дипломатија, а од друга страна не сака да ги расипе одличните односи со ВМРО-ДПМНЕ, лидерот Никола Груевски и со поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува „Журнал“. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, цели 20 години беше симбол на националниот отпор за поголеми права за Албанците што живеат во Македонија. Мендух Тачи беше активист за албанската национална кауза во времето по распаѓањето на поранешна Југославија и се

„Одговорност“ без надлежности!

на 18. 05. 2016 | | sq

Напис: Кога Опозицискиот совет ги омаловажува националните херои!

На протестите што се организираат од страна на албанската опозиција, има и случаи кога се прави обид да се злоупотребат националните херои за да се поентира или да се добијат политички поени по секоја цена. Ова го прави и Опозицискиот совет, при што од една фотографија што пристигна на наша адреса, се гледа еден обоен банер на бистата на Скендер-бег каде што пишува:„Протестен марш, 9 мај, протестирам за правда…“ Организаторите, зад кои стојат и коорганизатори, на овој начин се обидуваат да ги искористат најдобрите синови на нацијата и да искористат сè што е албанско за маркетинг, додека од друга страна, забораваат дека играјќи со националните чувства тие ги омаловажуваат националните херои, како

„Факти“, каде се фактите?!

на 13. 05. 2016 | | sq

Напис: Скандал: Али Ахмети ја наредил судската одлука „за“ Весел Мемеди?

Разрешениот претседател на НДП, Весел Мемеди, денеска ја објави судската одлука од Основен суд Тетово според која, одлуката на централното собрание на оваа партија со која беше разрешен Весел Мемеди од позицијата претседател и на негово име беше избран Фадил Зендели, не е законска, известува „Факте“. Според судот во Тетово, централното собрание на НДП постапило правилно кога го одбрало Мемеди за претседател на партијата, но не и кога го разрешило затоа што тоа требало да го направи конгресот. Меѓутоа, „Факте“ денеска дозна дека за оваа чудна одлука на тетовскиот суд интервенирал самиот претседател на ДУИ, Али Ахмети, преку министерот за правда. Ахмети и Весели се видени синоќа седнати заедно,

Важна тема во вест со недостатоци

на 13. 05. 2016 | | sq

Напис: Кичево без знаме и со натписи на македонски

И покрај законот кој гласи дека албанскиот јазик е службен јазик во тие општини каде Албанците се повеќе од 20 проценти од населението, во локалите, приватните претпријатија и во објектите на јавните институции во Македонија, албанскиот јазик многу малку може да се види на нивните натписи. Најдрастичниот пример е во Кичево, општина водена од албанската партија на власт, известува дописникот на новинската агенција ИНА. Домот на културата во Кичево уште го носи името „Кочо Рацин“, а истото име не е напишано на албански јазик. Исто така, во оваа институција се вее само македонското знаме. (ИНА) [Рецензија: Кичево без знаме и со натписи на македонски] Веста што ја рецензираме отвора важни прашања,

Промашен „погодок“: Пристрасен новинар, нецелосен текст

на 9. 05. 2016 | | sq

Напис: Директорот на ВМРО-ДПМНЕ удира по Ермира Мехмети

Директорот на Државниот архив, Филип Петровски, преку една објава на „Фејсбук“, ја обвинува поранешната пратеничка на ДУИ, Ермира Мехмети, дека од една страна плаче поради објавените аудиоснимки, додека од друга страна нејзиниот брат е во првите редови на протестите против власта. „Ермира плаче поради снимките што ги пушти Заев, додека нејзиниот брат се наоѓа во првите редови на протестите со Петрит и со Васил. Кого фарбате вие?“, напишал Филип Петровски, на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

[Рецензија: Директорот на ВМРО-ДПМНЕ удира по Ермира Мехмети]

Едностраноста не е дел од новинарството и таа ѝ штети на оваа професија. Новинарот никогаш не смее да ѝ се обрати на јавноста сè додека, со или

Манипулација со слика – стара фотомонтажа за „нова“ вест!

на 3. 05. 2016 | | sq

Напис: Нападнат новинарот Миленко Неделковски

Неколку дена по претепувањето на телохранителите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, македонскиот портал „Доказ“ известува дека вчера, околу 17 часот, во скопската кафеана „Лезет“ e претепан и провладиниот новинар Миленко Неделковски. Учесниците на тепачката се познати за македонскиот портал. Новинарот Миленко Неделковски е познат по својата албанофобија./Албеу.цом

[Рецензија: Нападнат новинарот Миленко Неделковски]

Новинарот треба да биде многу внимателен при пишувањето на една вест! Информацијата првин треба да се потврди, а потоа да се пренесе како вест. Никогаш не треба да се игра на картата на намерно погрешно толкување. Во овој случај, не станува збор за текст што го омаловажува или загрозува интегритетот на посочената личност, туку за манипулација со мултимедијални елементи, при што

Важна тема со недостиг на основни елементи за вест!

на 27. 04. 2016 | | sq

Напис: Ужас во болниците во Македонија, сликаат пациенти за време на операцијата и ги објавуваат сликите

Скандал ја тресе Македонија. Во општата болница во Гевгелија, хирурзите, анестезиолозите и другиот помошен персонал, по една тешка операција на желудникот, решиле да се сликаат, нарушувајќи ја на овој начин приватноста на оперираниот пациент. Оваа екипа решила во операционата сала да се слика пред пациентот кој е несвесен и под дејство на анестезија (лекови и гасови кои се употребуваат при операција за да се успие пациентот). Оваа шокантна слика предизвика бројни реакции во јавноста поради фактот што со неа се нарушува приватноста и правата на пациентите. Според „Журнал“, до овој момент сè уште нема реакција од министерот за здравство, Никола Тодоров.

[Рецензија: Ужас во