verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Adrian Kerimi

Новинарство што директно ја урива новинарската етика!

на 4. 11. 2016 | | sq

 

Напис – „Журнал“ дознава: Али Ахмети лично ја урнал еднојазичната табела на Стража

Гостивар, 2 ноември – Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, лично ја урнал еднојазичната табела поставена на Стража, дознава ексклузивно новинаската агенција „Журнал“. Договорот меѓу двата коалициски партнери според кој новите табли на автопатиштата треба да бидат двојазични, по сè изгледа не е почитуван за таа на Стража. При негово движење по тој патен правец, штом забележал дека поставената табла не е двојазична и дека не е напишана и на албански јазик, Ахмети се симнал од автомобилот и лично ги сопрел работите. „Журнал“ дознава дека за оваа проблематика тој итно ги повикал министрите од владиниот кабинет кои го прекинале состанокот и веднаш се упатиле кон местото на

Погрешно толкување и тенденциозен пристап за изјавите на Рауфи!

на 3. 11. 2016 | | sq

 

Напис: Адвокатот Насер Рауфи признава дека групата од Диво Насеље можеби зела 2 милиони евра!?

До пред некое време сè беше енигматично во врска со лицата што го почнаа инцидентот од 9 и 10 мај минатата година во Диво Насеље во Куманово, кој заврши со неколку жртви од двете страни, вооружената група и полициските сили, известува „Журнал“. Во последното интервју дадено за „Макфакс“, адвокатот на групата од Диво Насеље, Насер Рауфи, меѓу другото, одговара и за тоа како вооружената група можеби зела пари за организирање на оваа акција. Дали има докази дека, како што се зборува, на групата ѝ се исплатени два милиони евра за акцијата? Како материјален доказ нема ништо, но се зборува дека, да, сме предложиле и

Иронија и „сиромашна“ пропаганда наместо новинарство

на 20. 10. 2016 | | sq

 

Напис: „Сиромашна“ коалиција, немаат пари ни за кафе!

Откако лидерите на трите политички партии, Зијадин Села од ДР-ДПА, Гзим Острени од Унитети и Весел Мемеди од НДП, денеска го потпишаа договорот за соработка и за прва коалиција на Албанците за парламентарните избори закажани за 11 декември, тоа што паѓа в очи е празната маса на лидерите и, како што се гледа, тие ја почнуваат предизборната кампања со сиромаштија, известува „Тетова сот“. На сликата на порталот „Тетова сот“ се гледа јасно дека тие својата коалиција и својата соработка ја почнуваат без бериќет. Како што се гледа на фотографијата, се претпоставува дека овие чекаат да станат дел од новат влада и да ја наполнат масата со месо.    

[Рецензија: „Сиромашна“

Во чија полза и интерес се искривува иронијата?

на 19. 10. 2016 | | sq

Напис: Во чија полза и чиј интерес Мухамед Зекири „МУКИ“ бара ВМРО-ДПМНЕ да го забрани албанскиот јазик!?

Поранешниот новинар, Мухамед Зекири „МУКИ“, сегашен функционер на македонската опозициска партија СДСМ, ја потресол албанската јавност, при што преку еден пост на социјалната мрежа „Фејсбук“ побарал од македонската партија на власт ВМРО-ДПМНЕ да ги предложи уставните измени за забрана на албанскиот јазик во Македонија. „Бидејќи двојазичноста е актуелна и патриотите на режимот не ја затвораат устата и продолжуваат да го изразат својот гнев и неконтролирана омраза, сакам само да ги потсетам дека со гласовите на нивната матична партија, ВМРО-ДПМНЕ, беа изгласани уставните измени со кои е средено ова прашање. И бидејќи сега ова нешто толку им пречи, им препорачувам на „Курир“, „Република“ и

Веста не е професионална без ставот на критикуваната страна

на 18. 10. 2016 | | sq

 

Напис: Синани – Албанци, слушнете ја химната на Заев, пред да се наредите до него

Главниот уредник на ТВ „Шења“, Исмаил Синани, реагира за химната со која претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги повика сите, дури и Aлбанците, да се наредат зад него во протестниот марш на 11 Октомври, пишува „Факте“. Синани на својот профил напишал: „Албанци, слушајте го внимателно националистичкиот марш со кој ве повикува Заев!
Во борба, македонски народе! За сите вие ентузијасти Aлбанци што сакате да учествувате во маршот на Заев на 11 Октомври, бидејќи сметам дека не сте ги разбрале стиховите на маршот со кој оваа партија ве повикува, еве го текстот во продолжение. Доколку се наоѓате себеси во овие стихови, одете! Но, не заборавајте

Вест изгубена во неколку пропагандистички редови

на 13. 10. 2016 | | sq

 

Напис: „Шќипоња“ – Агим Нухиу меѓу сите гордо стои.

’Шќипоња’ – Агим Нухиу меѓу сите Заменик-министерот Агим Нухиу за време на една церемонија гордо стои меѓу вработените во МВР. Веднаш откако беше назначен за заменик-министер, Агим Нухиу направи неколку круцијални измени, особено во местата каде што живее албанско население, кои имаат цел да олеснат  бројни процедури. Тој е познат како најпрофесионален кадар на Демократската унија за интерграција.  

[Рецензија:„Шќипоња“ – Агим Нухиу меѓу сите гордо стои.]

Овој текст докажува дека често се случува професионалното новинарство да не може да се најде на електронските портали. За написот не можеме да кажеме во која рубрика припаѓа, но едно е сигурно – не во онаа за вести. Не може да се одреди

Oд инает не се прави новинарство

на 6. 10. 2016 | | sq

 

Напис: Дали знаете кој е против Движењето „Беса“?!

Кастриот Мифтарај против Движењето „Беса“, Берат Бужала против Движењето „Беса“, Фахри Џара исто така… Миленко, Латас и др… Народе, доволно е да видите кој е против „Беса“ и на 11 декември за инает да го дадете гласот за „Беса“!  

[Рецензија: Дали знаете кој е против Движењето „Беса“?!]

Целта на веста треба да се образложи за да биде што појасна за читателите. Кога новинарот решава да информира за едно прашање, тој тоа треба да го прави врз основа на фактите и на доказите. Рецензираниот текст претставува хипотетичко информирање. Тој набројува противници на еден политички субјект, ставајќи ги сите нив во една иста вреќа, како национални противници. Но, тоа што се тврди

Изворите и сеопфатноста се „чеканот и шајката“ на новинарот

на 5. 10. 2016 | | sq

 

Напис: „Беса“ со стратегија за опозициска соработка, но чеканот и шајките во нејзини раце

Движењето „Беса“ составило стратегија која тежнее кон позитивна соработка на опозициските партии во Македонија. Според портпаролот на овој политички субјект, Фатон Фазлиу, оваа движење исто така составило и комисија што ќе работи на ова прашање. „Ова комисија покажа резултати, воспоставена е комуникација и почнати се преговори со сите опозициски политички партии и се надеваме дека набргу ќе имаме конкретни резултати што се однесува до сорабоката меѓу опозицијата“, изјавил портпаролот на „Беса“, Фатон Фазлиу. Фазлиу изрази оптимизам и рече дека очекуваат работата на ова комисија да донесе позитивни резултати. „Врз основа на досегашните преговори, ние сме многу оптимисти и очекуваме целата оваа работа да се круниса

Верата е лична работа, а не јавен интерес!

на 28. 09. 2016 | | sq

 

Напис: Журнал неофицијално дознава дека Османи или како што е познат во јавноста „Скитникот“ ја напушта исламската вера, ги преферира калуѓерките?!

Скопје, 23 септември – Еден механичар или, како што се нарекува оваа професија во дијаспората, „уличар“, со последната фотографија споделена на социјалните мрежи се зборува дека ја сменил верата, известува „Журнал“ од сигурни извори. Според неофицијалните информации што пристигнаа до нашата редакција, Скитникот одлучил да ја смени верата за што потврдува и фотографијата откриена во последно време, на која Скитникот се гледа меѓу две калуѓерки. Досега Скитникот имал многу професии. Почнал да работи како механичар во дијаспората, каде што и работи и живее, потоа почна да работи како независен аналитичар, при што го анализираше секој настан и даваше

Манипулација со етничките чувства во поттикнувачки текст

на 26. 09. 2016 | | sq

 

Напис: Филмска акција на македонската полиција за да уапси еден Aлбанец

Во населбата Млаки во Гостивар во саботата е фатен осомничен што извршил продажба на марихуана. Тој избегал при обидот да биде претресен од полицијата. Во полициската акција по половина час е уапсен дваесет и осумгодишниот државјанин на Република Албанија со место на живеење во Добри Дол, информираа од Основното јавно обвинителство во Гостивар. „По наредба на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар, извршен е претрес во куќата каде што живеел осомничениот, при што е пронајдена дрога во вкупно количество од 3884,2 грама. Обвинителството почнало постапка против осомничениот за вршење на кривичното дело пуштање во промет на наркотични средства од член 215 од Кривичниот законик. Истовремено е