verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Adrian Kerimi

Кога новинарството се фаќа под рака со пропагандата

на 30. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Весел Мемеди, Зијадин Села и Гзим Острени се радуваат што ја „фаќаат раката“ на Али Ахмети (ВИДЕО)

По пристигнувањето на состанокот организиран од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој сака да ги соедини албанските партии, собирајќи ги на една маса и означувајќи на тој начин и еден историски момент, албанските лидери седнаa да разговараат и од оваа средба да излезат со еден став околу тоа како да се направи коалиција со македонскиот блок. Ахмети, придружуван од потпретседателката на партијата, Теута Арифи, ги пречека Зијадин Села, Гзим Острени и Весел Мемеди и нивната средба само што почна зад затворени врати за медиумите, при што на крај на средбата лидерите ќе одржат конференција за новинарите на која ќе

Прераскажувањето на невистините не е новинарство!

на 29. 12. 2016 | | sq

 

Напис – Курир: Мухамед Зекири и Петар Шилегов сакале да предизвикаат проблеми во Теарце

„Курир“ пишува дека Петар Шилегов придружуван од членови на извршниот комитет на СДСМ, Мухамед Зекири и Едмонд Адеми, денеска престојувал во Теарце, во делот од селото каде што живеат мнозинство Албанци, во обид да предизвикаат инциденти поради кои би се нарушил изборниот процес, пишува „Курир“, а пренесува „Флака инфо“. Понатаму, порталот пишува дека откако не успеале да го расипат изборниот процес, Шилегов си заминал, а во селото останал Мухамед Зекири, кој е виден како зборува со Џабир Дерала од „Цивил“, кој во 19 часот изјави дека имало нерегуларности, пишува „Курир“/Флака инфо/  

[Рецензија – Курир: Мухамед Зекири и Петар Шилегов сакале да предизвикаат проблеми во

Веста исчезнува кога нема соодветни факти

на 22. 12. 2016 | | sq

Напис: Исчезнаа канделабрите од 100 илјади евра од мостот „Мајка Тереза“

Скопје, 20 декември – Канделабрите на мостот Мајка Тереза кај Академијата за образование и наука, кои беа поставени на почетокот од оваа година, исчезнале, според тоа што може да се види на фотографиите, информира „Журнал“. Во јануари оваа година, кога се менуваа старите канделабри, од Град Скопје беше дадено објаснување дека постојните не се ниту расипани, ниту уништени, туку, едноставно за да се постигне еден поосветлен амбиент, тие се сменети. Медиумите тогаш известија дека за новите канделабри се дадени 100 илјади евра како што беше наведено во огласот за тендер за јавно осветлување.  

[Рецензија: Исчезнаа канделабрите од 100 илјади евра од мостот „Мајка Тереза“]

Да се рече „опа“

Вест за опасна омраза поткрепена со малку факти

на 20. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Професорот Aлбанец им држи предавања на средношколците: Рака да им се исуши на тие што гласаа за Заев

Учениците од гимназијата „Зеф Љуш Марку“ се бомбардирани од страна на еден професор со политички лекции, кој наместо предавање на наставниот материјал, им зборувал за изборниот процес. Еден ученик присутен на овој час, за новинската агенција ИНА изјави дека професорот зборувал за тоа како Aлбанците гласале за македонска партија. „Тој го почна часот велејќи: На сите тие Aлбанци што гласале за СДСМ да им се исушат рацете. Потоа продолжи велејќи: Отсега одете по пат и во себе шепотете: Јас сум предавник. Иако ние сме прва година и немаме право на глас, тој држеше час по политика“, изјави ученикот. Новинската агенција

Нејасно и еднострано „прераскажување“

на 9. 12. 2016 | | sq

Напис: „Дневник“: ДУИ со закана, или официјализирање на албанскиот јазик, или нова криза

ДУИ се заканила дека ако победничката партија на овие избори не го официјализира албанскиот јазик, тогаш ќе се соочат со една нова криза, пишува „Дневник“. Ако партиите на Албанците кои учествуваат во парламентарните избори кои ќе се одржат на 11 декември не се откажат од позицијата земи или остави, можно е новата влада да биде без партијата на Албанците и Македонија да влезе во една уште подлабока политичка криза. „ДУИ, ДПА, Алијансата за Албанците и Движењето Беса веќе се изјасниле дека без целосно прифаќање на нивните платформи нема да има преговори за новата влада“. Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека тие се фокусирани за освојување на 63

Мал текст со епски наслов – за голема пропаганда за ДУИ!

на 30. 11. 2016 | | sq

 

Напис: Салата „Борис Трајковски“ мала за големата ДУИ

Демократската унија за интеграција е готова за почнување на промотивната конвенција. Салата „Борис Трајковски“ во Скопје е мала за активистите и за поддржувачите на ДУИ. Промотивната конвенција на ДУИ ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, известува „Тетова сот“. На конвенцијата на ДУИ ќе се промовираат кандидатите за пратеници од седумте изборни единици.  

[Рецензија: Салата „Борис Трајковски“ мала за големата ДУИ]

Бомбастичните или, да ги наречеме „епски“ наслови, се адекватен вовед за пропагандните текстови. Ова изгледа му е добро познато на авторот на текстот што го рецензираме. За оваа цел веста ја насловил „малата сала за големата ДУИ“. Пропагандната цел се докажува уште во првиот ред (од малкуте

Лични навреди и вулгарности за Ахмети претставени како вест!

на 21. 11. 2016 | | sq
 

Напис: По митингот во Куманово, Али Ахмети право во болница

Откако кумановчани не го примија во својот град, г. Али Ахмети завршил во психијатриската болница „Бардовци“ во Скопје!
Жал ми е за него, но него ќе го фатат клетвите на албанските мајки, крајот ти се ближи и се надевам дека си свесен за ова.  

[Рецензија: По митингот во Куманово, Али Ахмети право во болница]

Aко се разбира суштината на веста, тогаш и ќе се знае да се напише вест. Секој коментар, лично мислење или, пак, неконструктивна критика, не може да се категоризира како вест. Сепак, другите жанрови овозможуваат вашето мислење да се пренесе и без да биде вест, туку критика, било површна или, пак, професионална и подлабока –

Новинарство со политички погледи за посетата на Ахмети на Куманово

на 21. 11. 2016 | | sq

 

Напис: Полна сала за Али Ахмети во Куманово

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска е со кумановчани каде ја открива платформата на ДУИ за изборите што ќе се одржат на 11 декември годинава. Освен ова, лидерот на ДУИ се очекува да ги промовира и кандидатите за пратеници на ДУИ за изборната единица број два, каде годинава има мали измени во нивните имиња. Али Ахмети ќе ја открие и идејата на слободната економска зона што се очекува да се отвори во Општина Липково и ќе овозможи отварање на нови работни места за жителите на Општина Липково и на Куманово. Инаку, една мала група жители на Куманово протестирале против доаѓањето на лидерот на ДУИ во Куманово.  

[Рецензија: „Полна сала за

Наместо информации за граѓаните, партиска пропаганда

на 8. 11. 2016 | | sq

 

Напис:  Патот во Диво Насеље се привршува и е стандардизиран (ФОТО)

Еден сериозен проект почнат од Општина Куманово во Диво Насеље привршува со успех и тоа благодарение на советниците на ДУИ, на чело со Ридван Асани, известува „Илирија њуз“ (Ilirianews.mk). Патот сега веќе е завршен и изгледа доста стандардизиран, со што се олеснува движењето на жителите на Диво Насеље. Поставена е канализација според сите потребни стандарди за еден модерен пат, сега веќе може да се видат финалните резултати и веќе е дел од завршените проекти за кои Демократската унија за интеграција и нејзините општински советници се бореле да ги остварат во Куманово. „Илирија њуз“ ви носи повеќе детали за овој проект:  

[Рецензија: Патот во Диво Насеље се привршува

Етноцентризам и провокации, наместо факти и сеопфатност

на 8. 11. 2016 | | sq

 

Напис – Скандал: Хирургот Македонец ѝ ги фрла в лице документите на мајката Албанка

Скандал: Хирургот Македонец ѝ ги фрла документите в лице на мајката Албанка
Скандал ја тресе државната болница во Скопје. Еден ортопед Македонец на демонстративен начин ѝ ги фрлил в лице сите документи на една мајка Албанка од Прилеп, која дошла во болницата за да ја прегледаат нејзината 16-годишна ќерка Е.И., која боледува од тешка болест на ’рбетниот столб (сколиоза). Ортопедот Македонец е со иницијали М.П. и на демонстративен начин вербално се конфронтирал со мајката на пациентката Албанка од Прилеп. „Ни ги фрли документите в лице и ни рече одете си од болницата. Ако одите некаде, јас ќе кажам дека не ве познавам како пациент, но