verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Adrian Kerimi

Јавноста не ја интересираат личните ставови на новинарот

на 18. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Теута, ова не е предизборна кампања, туку елементарна непогода]

  Kоментарите за едно случување не можат да се наречат вест. И обвинувањата што се пренесуваат преку личните ставови не смеат да се стават во иста група со информацијата. Рецензираната вест е непрофесионална поради фактот што авторот се обидува преку коментарите за активностите на градоначалничката на Тетово, своите ставови да ги претстави како вест. Веста почнува со параграфот: „

Манипулацијата со насловите ги разочарува читателите

на 18. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Тачи се сонча, што прават лавовите на ДПА?]

  Текстот што го рецензираме е дело на странски медиум, меѓутоа истиот е преземен од анонимниот автор и само му е сменет насловот, кој воопшто не соодветствува со текстот. Иако во насловот се поставува едно деликатно прашање, авторот воопшто не го обработил написот што е преземен без да се наведе изворот за да го објасни прашањето што го поставил во насловот. Линк до оригиналниот наслов: Тачи се сонча, што прават лавовите на ДПА? Датум и време на објавување: 12.08.2015 Датум на рецензија: 12.08.2015 Рецензент: Aдриан Керими Јасно е дека насловот на овој текст веднаш привлекува внимание, како што е јасно и дека насловот е тенденциозен. Меѓутоа, ако се прочита текстот,

Текстовите на социјалните мрежи не се вести

на 3. 08. 2015 | | sq
  [Рецензија: Фејзи Хајдари и Исен Салиу од весникот ЛАЈМ со пријатели на Мијалков, вели Зиадин Села]   Социјалните мрежи се дополнителен простор за искажување мислења или, пак,  за да се даде информација. Но, за да добијат тежина на вест, овие информации треба да се проверат. Уште повеќе кога се работи за тешки обвиненија, иако доаѓаат од јавни личности. Линк до оригиналниот напис: Рецензија: фејзи Хајдари и Исен Салиу од весникот ЛАЈМ со пријатели на Мијалков, вели Зиадин Села Датум и време на објавување: 27.07.2015 Датум на рецензија: 28.07.2015 Ресензент: Aдриан Керими Веста што ја рецензираме се однесува на ставот на градоначалникот на Струга, кој на својот профил на „Фејсбук“, пишува дека сопственикот и главниот уредник на дневниот весник „Лајм“ 

Веста без одговор на сите прашања носи нејаснотии

на 29. 07. 2015 | | sq

[Рецензија: СДСМ: Зврлевски во директна линија со Груевски]

  Основното начело за подготвување на една вест е таа да се базира врз принципот на шестте прашања и на структурата позната како „превртена пирамида“. Веста што ја рецензираме е нецелосна поради неисполнување на овие елементи. Линк до оригиналниот напис: СДСМ: Зврлевски во директна линија со Груевски Датум и време на објавување: 23.07.2015 Датум на рецензија: 24.07.2015 Рецензент: Aдриан Керими Секоја вест, колку и да е едноставна или, пак, комплексна, треба да исполни некои основни елементи за да може да се објави. Уште повеќе, ова е потребно за прашања што се сметаат за „чувствителни“ и важни за јавноста, за кои се потребни повеќе информации и проверки. Новинарството бара јавноста да се информира

Добра вест, но без доволно детали

на 23. 07. 2015 | | sq
[Рецензија: 3 години затвор за Верушевски]   За една вест да биде целосна, треба да содржи неколку елементи и, пред сè, информации за јавноста да знае за што се работи. Во ниту еден случај, иако може да изгледа дека прашањето е доста познато, веста не треба да претпоставува дека јавноста ги знае сите детали. Текстот што го рецензираме со право сакал да ја информира јавноста за еден судски случај, за кој кај јавноста постоеше голем интерес, судењето на поранешниот директор на УБК за недозволено поседување оуржје. Меѓутоа, недостигот од детали, особено на дополнитени информации, ја прави веста нецелосна. Линк до оригиналниот наслов: 3 години затвор за Верушевски Датум и време на објавување: 16.07.2015, Датум на рецензија: 20.07.2015 Рецензент: Aдриан Керими

Предвидувањата и констатациите не се новинарство

на 22. 07. 2015 | | sq

[Рецензија: Aлкоил најави: Мијалков, Јанкуловска заедно со Груевски не одат во затвор!]

  Ниедна неаргументирана претпоставка не може да се објави како вест. Уште повеќе, треба да се внимава кога се работи за прашања со голем јавен интерес и кога информациите може да создадат погрешно информирање и толкување. Сè треба да биде добро поткрепено со факти. Линк до оригиналниот наслов: Aлкоил најави: Мијалков, Јанкуловска заедно со Груевски не одат во затвор Датум и време на објавувањето: 15.07.2015 Датум на рецензијата: 17.07.2015 Рецензент: Aдриан Керими Текстот што го рецензираме содржи констатации и заклучоци кои не се аргументирани. Во текстот се вели: „Оставките на кабинетот на Груевски се потпишани во Брисел! Заев ќе ги амнестира, испратени се u првите сигнали дека борбата

Личните напади претставуваат грубо прекршување на професионалните принципи

на 18. 07. 2015 | | sq
[Рецензија: Синот на Абдулаким (Ким) Мехмети во „прегратката“ на Стево Пендаровски!]   Можноста за објавување информации, особено преку интернет-медиумите, не подразбира и можност за деградација и за омаловажување на луѓето, било тоа да се јавни или приватни личности. Одговорноста на медиумите е голема за начинот на кој се информира јавноста, имајќи ги предвид секогаш стандардите на професионалното новинарство. Секој личен гнев кон одредена личност, изразeн без аргументи, претставува прекршување на сите принципи. Линк до оригиналниот наслов: Рецензија: Синот на Абдулаким (Ким) Мехмети во „прегратката„ на Стево Пендаровски! Датум и време на објавување: 12.07.2015 Датум на рецензија: 15.07.2015 Рецензент: Aдриан Керими Текстот што го рецензираме не се потпира на ниту еден извор. Веста се потпира целосно врз интерпретацијата на една фотографија,

Рецензија: Судовите не го оставаат Заев на мира!

на 9. 07. 2015 | | sq
  Една информација сама од себе не е доволна за да се објави како вест. Текстот што го рецензираме повеќе создава нејаснотии отколку што ја информира јавноста. Новинарот секогаш ја пишува веста тргнувајќи од една информација и потоа собира дополнителни податоци, но доколку нема објаснување и потврда на информацијата, таа не треба да се објави. Линк до оригиналниот напис: Судовите не го оставаат Заев на мира! Датум и време на објавување: 06.07.2015 Датум на рецензирање: 07.07.2015 Рецензент: Адриан Керими Текстот кој е објавен како вест, има недостиг од информации и од објаснувања. На јавноста ѝ е јасно за каков случај се работи, дали можеби има некое друго обвинение против лидерот на македонската опозиција, Зоран Заев. Во текстот се вели: „Судот