verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Adrian Kerimi

Сликите треба да ја дополнуваат информацијата

на 22. 10. 2015 | | sq
[Рецензија: Мендух Тачи од Дива населба го следи натпреварот на репрезентацијата, Куманово е со Тачи!]   Повикувањето на анонимни и на нерелевантни „извори“, чие мислење не се проверува, ја дезинформира јавноста. Ова е заклучокот до кој би можела да дојде јавноста откако ќе ја прочита оваа вест. Наведениот портал што информира за тоа каде Мендух Тачи го гледал натпреварот на репрезентацијата, иако го спомнал изворот на сликите, сепак, на крај ја дезинформира јавноста. Линк до оригиналниот наслов:Мендух Тачи од Дива населба го следи натпреварот на репрезентацијата, Куманово е со Тачи! Датум и време на објавување: 11.10.2015 Датум не рецензија: 12.10.2015 Рецензент: Aдриан Керими Насловот вели „Мендух Тачи од „Дива населба“ го следи натпреварот на репрезентацијата, Куманово е со Тачи!“. Но,

Објавувањето идентитет на малолетник е противзаконско

на 10. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Откриени авторите на труењето на учениците во „Арсение Јовков“]

  Објавувањето во медиумите на идентитетот на малолетник, кој нема наполнето 18 години и кој е инволвиран во одредени настани, е во спортивност со законот и се санкционира. Исто така, и Новинарскиот кодекс строго му забранува на новинарот, независно од тоа што поседува информации за малолетни лица инволвирани во некое дело, да го објави нивниот идентитет. Линк до оригиналниот наслов: Откриени авторите на труењето на учениците во „Арсение Јовков„ Датум и време на објавување: 03.10.2015 Датум на рецензија: 05.10.2015 Рецензент: Aдриан Керими Текстот што го рецензираме бесправно ги објавува имињата на двајца малолетници што се обвинуваат дека затруле неколку ученици и еден професор во училиште во Чаир. „… е

Веста не ја сочинува само едната страна

на 2. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Адили: Ќе ја уништиме ДУИ, започнуваме соработка со Движењето БЕСА]

  Основно правило на професионалното новинарство е дека во една вест никогаш не треба да се дозволи да не биде опфатена втората страна. Доколку новинарот го прекрши етичкиот кодекс, не претставувајќи ја и втората страна, веста се перцепира како еднострана. Веста што ја рецензираме е базирана на изјавата на само еден човек. „Актуелниот пратеник на ДУИ, Зулфи Адили вели дека, на новата партија „Унитети“ ќе ѝ се приклучат голем број членови на партијата на Али Ахмети. „Потписници за формирањето на новата партија се голем број на членови на највисокиот орган на ДУИ, Централниот одбор, односно сите тие кои што се разочарани од фактот дека партијата на Ахмети не

Пропагандата не претставува новинарство

на 21. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Aли Ахмети дочекан како вистински командант]

  Пропагандата е најголемата штета што може да му се нанесе на професионалното новинарство. Обидот преку новинарски написи да се стигне до политички маркетинг, не соодветствува со професионалните стандарди. „Во сликите што ви ги нуди Aктуале.мк се гледа како лидерот на ДУИ, Али Ахмети е дочекан од голем број на жители на општината Ликово, каде што учествуваше во отворањето на салата во ова албанско населено место.“ Линк до оригиналниот напис: Aли Ахмети дочекан како вистински командант Датум и време на објавување: 16.09.2015 Датум на рецензија: 17.09.2015 Рецензент: Aдриан Керими Кога го читаме текстот, на почетокот се добива впечаток дека тој е коректен. Имаше јавен интерес да се известува за настанот, особено по

Јавноста не треба да биде лишена од двете страни

на 15. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: БЕСА го гради мостот во Куманово кој што беше заборавен од власта]

  Доколку новинарот информира за некоја иницијатива, веста не треба да заврши само со една страна. Секогаш треба да се побара и официјалниот став, бидејќи може да се добие впечаток дека се поддржува само една страна. Веста што ја рецензираме не ги претставува двете страни. Другата страна не е присутна во текстот. „Aктивисти на Движењето Беса во Куманово почнале со работа за градење на еден мост кој што беше урнат пред 7-8 месеци од надојдената вода. Тие одлучиле доброволно да го градат овој мост, бидејќи нивните апели до локалните и централните власти за изградбата на мостот кој што поврзува еден дел од населбата „Бахче“ каде што

Нека говорат фактите

на 8. 09. 2015 | | sq
 

 [Рецензија: Говореше Лика!?]

  За една вест да биде професионална, во нејзината содржина неопходно е да бидат опфатени сите страни. Опфаќањето на сите страни е уште поважно кога се спомнуваат имиња и личности. Невклучувањето на изјавите на тие што се спомнуваат во написот, се смета за едностраност. Со тоа читателите потешко ѝ веруваат на веста. „Пратеникот и организациски секретар на ДУИ, Хазби Лика, ја демантираше информацијата дека последните денови имало расправија во раководството на партијата, која што завршила со тепачка. „Не, не се точни тие информации. Има неколку месеци што не е одржан состанок“, изјави пратеникот Лика, отфрлајќи ја информацијата што претходно ја објави порталот „Centarnews“, повикувајќи се на „внатрепартиски извори“.“ Новинарот во овој текст продолжува и понатаму да

Вест падната во провалија

на 2. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Водно: Маж и жена паднале во провалија (Фото)]

  Една точна вест, за каков било настан, не го остава читателот во недоумица со нејаснотии. Веста што ја рецензираме не дава одговор на основните новинарски прашања и, како последица, јавноста не успева целосно да сфати што се случило. Линк до оригиналниот наслов: Маж и жена паднале во провалија (Фото) Датум и време на објавување: 26.08.2015 Датум на рецензија: 27.08.2015 Рецензент: Aдриан Керими Следниот пасус е „целосната“ вест што е објавена. „Екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје синоќа имале успешна интервенција за спасување на маж и жена кои што паднале во провалија на планината Водно, во близина на локалитетот Марково Крувче, кај новотрасираниот пат.“ Овие малку редови

Веста не смее да содржи коментари

на 22. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Што бараше Абдилаќим Адеми во Струга кај Азиз Положани!?]

  Констатациите и личните ставови, според новинарските правила, се строго забранети во една вест. Коментарот е посебен жанр и, како таков, ако се интегрира во веста, ја прави непрофесионална. Во веста што ја рецензираме, има многу коментари и лични ставови на авоторот или на уредништвото. Еве еден од нив: „Овој последниот, со години бил занемарена личност во ДУИ, поради доминацијата на мафијашки и бизнис кланови и групации“. Во овој случај, авторот е во улога на политички опонент, а не на новинар, кој треба само да информира. Во следниот пасус новинарот изнесува како непобитен факт една информација што не е потврдена: „….постојат три групи внатре во партијата„, и не

Дополнителната информација е неопходна за веста

на 20. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Во Петровец уште една индустриска зона, каде остана таа во Тетово?]

Еден професионален новинарски напис, освен актуелните податоци што ги содржи во себе, треба да има и дополнителна информација, која во новинарскиот жаргон е позната како „бекграунд“. Текстот што го рецензираме, освен што има празна содржина, на крајот не го информира читателот за прашањето поставено во насловот. Како таков, се состои само од изјавите на актуелниот премиер, Никола Груевски. „Општината инвестира за изградба на водоводната мрежа, а улиците веќе се тампонирани, ЕВН пушта електрична енергија во фази, така да работите во ова зона се одвиваат добро.“ Линк до оригиналниот наслов: Во Петровец уште една индустриска зона, каде остана таа во Тетово? Датум и време на објавување: 15.08.2015 Датум

Нема вест без неопходните елементи

на 19. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ДУИ со кампања за масакрот во Љуботен, Незири: Подготвен сум да ги поддржам жителите на ова место]

  Веста треба во нејзината содржина да ги има сите неопходни елементи и информации. Исто така, и структурата треба да биде така проткаена што ќе биде разбирлива. Веста што ја рецензираме е нејасна и тенденциозна. Јавноста не се информира колку што е потребно. Ова ја прави веста непрофесионална. Линк до оригиналниот наслов: ДУИ со кампања за масакрот во Љуботен, Незири: Подготвен сум да ги поддржам жителите на ова место Датум и време на објавување: 12.08.2015 Датум на рецензија: 13.08.2015 Рецензент: Aдриан Керими Авторот ја почнува информацијата со посетата на министерот за економија, Беким Незири, на селото Љуботен. Веднаш потоа, тој преминува