Протестот за Кежаровски е бунт против политиките на власта
Објавено во: Актуелности
на 20. 01. 2015 | | sq Автор: Administrator
Скопје, 20 јануари, 2015 (META) – Неколку стотини новинари, граѓани и студенти кои денеска излегоа на протест против пресудата за новинарот Томислав Кежаровски, својата огорченост и осуда ја искажаа пред Владата, местото каде, според нив, е скроена неправедната одлука за затворање, а потоа и за привремено ослободување на новинарот.
Со маски со ликот на Кежаровски на своите лица, транспаренти и со свирежи, протестот почна пред Апелацискиот суд Скопје, со испишување на слоганот „Слобода за Кежо“ на бела ткаенина, поставена на тлото, пред вратите на судот.
Тамара Чаусидис, од Самостојнот синдикат на новинари, го најави доаѓањето на Кежаровски, кој утрово ненадејно беше пуштен од затворот „Скопје“.
Емоциите се измешаа кога тој дојде пред судот со семејството.
– Томче е со нас.