СEMM ги отфрла шпекулациите околу причините за разрешување на Лидија Богатинова
Објавено во: Актуелности
на 8. 04. 2015 | | sq Автор: Administrator
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ги отфрла шпекулациите што во текот на вчерашниот и на денешниот ден се појавија во некои медиуми околу причините за разрешување на Лидија Богатинова како член на Комисијата за жалби при Советот, се вели во реакцијата на оваа организација.
Богатинова е разрешена од Комисијата за жалби при СЕММ поради неактивност во работењето на Комисијата и неучество на нејзините седници. Тоа е во спротивност со член 2 од деловникот за работа на Комисијата за жалби при СЕММ, според кој членот на Комисијата може да биде разрешен од должноста ако неоправдано не присуствувал на три седници.
Во тек е постапка за избор на нов член на Комисијата за жалби при Советот за етика