Рецензија: Груевски- Бакрачески: Владата континуирано го поддржува локалниот развој
Објавено во: Рецензии
на 9. 05. 2013 | | Автор: Administrator
За време на велигденските празници премиерот Груевски беше во посета на различни објекти и градови во Западна Македонија (Кичево, Струга, Вевчани и Охрид). Според хроничарите, на овие посети тој се сретнал со двајца градоначалници, а со двајца не се сретнал, со оној на Кичево и на Струга, ниту остварил какви било контакти со општинската управа за прашања кои се битни за односите меѓу централната и локалната власт.
Веста на Нетпрес индиректно покажува дека премиерот останал селективен во посетите, како и дека новинарите тоа не го забележуваат на кој било начин. Селективноста на премиерот е идеолошка, но и етничка! Згора, посетата се одвива во екот на срамниот скандал со Субрата Рој, за кој нема ниту ретче во веста, а секако бил