Најава: Меѓународна конференција „Е-општество.мк“ – Проверката на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството
Објавено во: Активности
на 23. 01. 2017 | | Автор: Administrator
Во име на организациониот одбор, имаме чест да Ве поканиме да земете учество на дванаесеттата Меѓународна конференција „Е-општество.мк“, која оваа година е на тема „Проверката на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството“. Конференцијата ќе се одржи на 31 јануари 2017 година, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, Македонија.
Kонференцијата е организирана во рамки на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија, компонента „Сервис за проверка на факти од медиумите“, имплементирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Настанот ќе обезбеди простор за собирање на претставниците на институции и на организации кои работат на развој на оваа област, овозможувајќи нивно вмрежување и споделување искуства за справување со медиумски манипулации за да се зголеми квалитетот и отчетноста на