Ирена Мулачка од „Фокус“ со најдобра истражувачка сторија во 2013 година
Објавено во: Актуелности
на 25. 03. 2014 | | sq Автор: Administrator
Сторијата за комплицираните операции на катаракта во Градската болница, со кои им е оштетен видот на педесетина пациенти е првонаградена на конкурсот “Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2013 година. Серијата текстови на новинарката Ирена Мулачка се објавени во неделникот „Фокус“.
Менче Атанасова Точи, новинарка во порталот „Нова ТВ“ е добитничка на втората наградата за серијата прилози посветени на алармантната состојба со загадувањето во Кавадарци. Третата награда ја освои Томислав Кежаровски за текстовите поврзани со истрагата за сообраќајната несреќа во која загина новинарот Никола Младенов, објавени во дневниот весник „Нова Македонија“.
Годинава стручното жири додели и две пофалници за исклучителен новинарски ангажман. Новинарката Сашка Цветковска доби признание за примената на нови техники при истражување податоци на Интернет, во врска