ЦРМ: Нетранспарентно менување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Објавено во: Актуелности
на 2. 07. 2014 | | sq Автор: Administrator
Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) смета дека последниот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предложен од страна на Владата, по скратена постапка, претставува уште еден обид за нетранспарентно и задкулисно интервенирање во закон кој директно ги допира слободата на информирањето и слободата на медиумите.
Сметаме дека е крајно време, Владата да престане со игнорирање на медиумските организации и новинарските здруженија при интервенција во правни акти кои директно ги засегаат медиумската, но и пошироката јавност. Последниот обид да се направи интервенција во промената на овластените предлагачи на Програмскиот совет на МРТ, каде наместо досега предвиденото мнозинско новинарско здружение, се воведува и второ новинарско здружение, без при тоа да се консултира медиумската