Анкети и експерти на услуга
Објавено во Рецензии
on 15 - 07 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Рејтингот на Груевски повисок од сите опозициски политичари заедно]
Каква е целисходноста на објавување резултати од стари анкети? Уште повеќе, каква намера се открива кога во една медиумска содржина се објавуваат само коментари поврзани со тие анкети, без да се добие јасна слика за што станува збор, бидејќи нема јасни бројки и статистички податоци врз основа на кои може да се препознаат трендови и да се споредат параметри?
Вакви прашања предизвикува текстот што го рецензираме. И бидејќи самиот текст не нуди одговори на овие прашања, тогаш останува контекстот или мотивацијата, на ваков начин да се коментираат нецелосни, несеопфатни и неиндикативни резултати.
Мотивацијата се открива во изјавата на соговорникот од кој се побарани коментари и кој во еден дел од својот исказ вели:
„Лидерот на една партија може да се повлече ако тој со личниот рејтинг ја влече партијата надолу, или ако претрпи голем изборен пораз. Кога ги прочитав шпекулациите помислив дека се пишува за Заев, имајќи предвид дека тој има двојно понизок рејтинг од СДСМ. Во случајот на Груевски тоа апсолутно не е така, а ВМРОДПМНЕ со него 10 години победува на сите изборни циклуси.“
Линк до оригиналниот напис: Рејтингот на Груевски повисок од сите опозициски политичари заедно
Датум и време на објавување: 13.07.2016 – 17:04
Датум на рецензирање: 15.07.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
Од коментарите на соговорникот, искористен како експерт за толкување анкети, не може да се одбегне впечатокот на целосна политичка пристрасност, и, оттаму, не може да се очекува објективна експертска анализа. Дури и на стари податоци од анкети, згора на тоа нецелосно презентирани.
Следствено, бидејќи имаме само еден извор, имаме едностран поглед на нештата и, како последица, и политички пристрасен текст. Не само соговорник.
Еве една од препораките за тоа како треба да се користат анкетите, издвоена од лекцијата „Новинарите многу ги сакаат анкетите“ објавена на „Сервисот на проверка на фактите од медиумите“:
„Доколку медиумите не сакаат да бидат само пропагатори на одредени политички партии, тие мораат не само да ги постават сиве овие прашања, туку и резултатите од спроведените анкети да ги презентираат во контекст на: изготвувачот на анкетата (поврзаноста со конкретна политичка опција и реалните капацитети за спроведување анкета), употребените процедури, претходниот историјат и резултатите од слични анкети спроведени во истиот период. Само така презентираната информација за определена анкета може да претендира на објективност, а конечниот суд за понудените вредности да се препушти на самата јавност.“
Во случајот на медиумската содржина што ја рецензираме, на јавноста ѝ е оневозможено сама да донесе суд за резултатите од анкетата. Тоа не е добра новинарска практика.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни, нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови