Анкета на тенок мраз
Објавено во Рецензии
on 15 - 08 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Каде се сега браќата срби да донираат пакет вода и храна за настраданите семејства од поплавите?]
Многу, многу сомневања предизвикува оваа медимска содржина во однос на нејзината веродостојност. Како прво, кога се известува за катастрофи и за вонредни состојби, се користат секогаш официјални и овластени извори. Особено за теми како што е оваа, која ја зачнува овој текст. За тоа кој се вклучил на каков било начин во помош на настрадани граѓани, евиденција и точни информации имаат овластените и официјални институции.
Во оваа медиумска содржина нема ниту еден таков извор. Тоа е базично недозволиво.
Линк до оригиналниот напис: Каде се сега браќата срби да донираат пакет вода и храна за настраданите семејства од поплавите?
Датум и време на објавување: 10.08.2016, 14:04
Датум на рецензирање: 13.08.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПИСМЕНСОСТ
Не може врз основа на анкета да се изведува заклучок каков што навестува насловот, дека од соседна Србија нема хуманитарна и солидарна помош.
Освен тоа, анкетата е многу сомнителна. Кои се Ристо В. и Иванка Р.? Дали може, ако воопшто постојат, врз основа на една емотивна реакција на двајца граѓани да се изведува општ заклучок? Ова укажува на сериозна новинарска незрелост.
Како да знаеме, ако воопшто постојат, дека на овие граѓани не им се изнудени овие одговори со итри, сугестибилни прашања?
Токму за да не се случи да се постават овие прашања и да не се доведе под сомневање еден ваков „новинарски“ текст, треба да се користат официјални и овластени извори кога се известува за вакви ситуцаии.
Тенкиот мраз на кој почива оваа содржина „пука“ уште во коментарите поврзани со неа на самиот портал. Таму граѓаните поставиле неколку линкови што го демантираат тврдењето во текстот.
И нашата проверка го потврдува тоа. Истиот ден кога е објавен овој текст, сретнуваме и вакви наслови: „U Makedoniju krenula 43 srpska vatrogasca“ (Во Македонија се упатени 43 пожарникари“), „Srbija uputila pomoć Makedoniji posle katastrofalnih poplava, pripadnici MUP-a već na terenu“ („Србија упати помош за Македонија по катастрофалните поплави, припадниците на МВР се веќе на терен“)…
Оваа, по многу елементи, острастена содржина целосно се саморазоткрива со завршната реченица која прашува:
„Ахх бре македонче кога ќе се освестиш?!“
И што порачува завршната реченица на овој текст? Дека соседите нè мразат?! Дека ние, Македонците, во иднина не треба да бидеме хумани и солидарни?!
Освен тоа, констатираме елементарна неписменост: Срби, Македонци… се пишува со голема буква, а не со мала како овде.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
2 извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност, друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
национална дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови