verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ако не е дел од веста, етничката припадност не треба да се споменува

on 30 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #262 - 'Dramë në Kumanovë, maqedonasi qëllimisht shkelë familjen shqiptare I FAKTE_NET' - www_fakte_net_drame-ne-kumanove-maqe

 

Напис: Драма во Куманово, Македонецот намерно прегазил семејство Албанци

Едно семејство и нивното четиригодишно дете се прегазени синоќа од автомобил по вербално недоразбирање што се случило на улица Борис Кидрич во Куманово.

Т.Д. (23) го пријавил случајот во полиција, кажувајќи дека физички биле нападнати од тројца коии им ја оштетиле колата, но полициската истрага покажала друго нешто.

„Извршена е истрага во местото на настанот, каде е констатирано дека вчера околу 22.30 часот, по претходно недоразбирање со С.А. (36) во Куманово, Б.И. управувајќи со возилото „мерцедес ц200“ заедно со сопатниците, неговите браќа  Б.И. и Т.Д. , со предниот дел на автомобилот намерно ги удриле лицата С.А., неговата сопруга М.К. (36) и нивниот четиригодишен син“, информираа денеска од СВР Куманово, пренесува „Шења“.

 

[Рецензија: Драма во Куманово, Mакедонецот намерно прегазил семејство Aлбанци]

Во услови кога меѓуетничките односи се толку ранливи, се пишува вест што може да поттикне уште поголема меѓуетничка омраза. Зошто да се направи ова? Кој поентира овде? Текстот што го рецензираме во насловот алудира дека настанот се случил поради етничката различност, но во продолжение никаде во текстот не се аргументира овој факт.

Dramë në Kumanovë maqedonasi qëllimisht shkelë familjen shqiptare FAKTE.NETЛинк до оригиналниот напис: „Драма во Куманово, Mакедонецот намерно прегазил семејство Aлбанци”

Датум и време на објавување: 26.06.2016

Датум на рецензирање: 27.06.2016

Рецензент: Ферикан Илјази

Се даваат стандардните податоци од МВР за тоа како се случил настанот, но не се даваат други детали што ќе ја подржат тезата на меѓуетничкиот конфликт или нетрпеливост како главен поттикнувачки елемент на инцидентот.

„Драма во Куманово, Македонецот намерно прегазил семејство Албанци”

Треба да се биде многу внимателен, особено кога во настанот се инволвирани и дете и жена. Се знае дека овие две чувствителни категории луѓе провоцираат поголемо сочуството кај луѓето, вклучувајќи ги и Албанците, што може да предизвика револт кој би довел до некоја посериозна штета кон сограѓаните Македонци. Индивидуалните случаи имаат име и презиме, а не етничка припадност.

Оваа вест имала потенцијал да се третира само како вест од црната хроника, со сите податоци околу кавгата и моментот на удирање со возило, но не да се стави во прв план етничката припадност, бидејќи вака би се сфатило дека оваа разлика била причина за да се нападне едно семејство.

Меѓутоа, во случаи кога кавгата била на етничка база, тогаш ова може и треба да се спомне. Тогаш, сепак, професионалниот новинар треба да го избегне провокативниот речник, да ги опфати во текстот сите инволвирани страни, конкретните институции и да му даде на настанот реална слика. Но, доколку настанот бил за сосема друго нешто, зошто е потребно да се спомне ова? Освен тоа, во многу случаи како новинари ни се случило да се соочиме со такви случаи на терен, но сме се труделе спомнувањето на етничката припадност да го направиме многу внимателно, само за да не провоцираме тензии. Ние може да изградиме многу убави нешта со нашата работа, но истовремено може да предизвикаме и поголема штета. Затоа, познавајќи ја нашава земја, така и треба да постапиме.

Два члена од Кодексот на новинарите на Македонија се посветени токму на оваа категорија на вести.

10.
Новинарот нема свесно да создаде или обработи информации, кои ги ризикуваат правата или слободите на човекот, нема да зборува со говорот на омраза и нема да поттикне насилство или дискриминација врз која било основа (национална, верска, расна, родна, социјална, јазична, политичка, сексуална ориентација…)

11.

Новинарот ќе се придржи на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и на почитувањето на етничките, културните и на верските разлики во Македонија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови