Ако министерот „спие“, новинарот не мора да паѓа во „делириум“
Објавено во Рецензии
on 2 - 02 - 2017 Автор: Adrian Kerimi
Напис: Хаос по училиштата, министерот Пиштар Лутфиу спие, директорот добива закани
Полициската станица во Берово поднела кривична пријава против Д.Б. (51) од Штип поради постоење на сомнеж за вршење кривично дело – загрозување на животот, пренесува „Тетова1“.
Во вторник обвинетата преку пораки испратени од мобилен телефон му се заканила на директорот на училиштето во кое учи нејзиниот внук.
Обвинетата го извршила ова дело поради тоа што наставниот совет одлучил нејзниот внук да се префрли од една во друга паралелка. /Тетова 1/
[Рецензија: Хаос по училиштата, министерот Пиштар Лутфиу спие, директорот добива закани]
Еден извор не е доволен за да се напише еден новинарски производ. Професионалните новинари секогаш се повикуваат на сите страни спомнати во написот, за нивниот пристап да биде сеопфатен, непристрасен и објективен. Основно начело на една вест е тоа дека насловот му навестува на читателот за тоа што има во содржината. Но, тоа не е случај со веста што ја рецензираме, затоа што она што е напишано во насловот, не е напишано и во текстот.
„Полициската станица во Берово поднела кривична пријава против Д.Б. (51) од Штип поради постоење на сомнеж за вршење кривично дело – загрозување на животот, пренесува ’Тетова1’“.
Линк до оригиналниот напис: „Хаос по училиштата, министерот Пиштар Лутфиу спие, директорот добива закани”
Датум и време на објавување: 27.01.2017
Датум не рецензирање: 29.01.2017
Рецензент: Адриан Керими
На текстот му е даден еден тенденциозен наслов, кој топката ја фрла кај министерот, но во содржината не се кажува дали е побаран став од негова страна. Сите спомнати личности во текстот имаат право да се изјаснат.
„Во вторник обвинетата преку пораки испратени од мобилен телефон му се заканила на директорот на училиштето во кое учи нејзиниот внук. Обвинетата го извршила ова дело поради тоа што наставниот совет одлучил нејзниот внук да се префрли од една во друга паралелка“.
Веста е заснована само на соопштението на Министерството за внатрешни работи, при што е зачинета со лични проценки. Како таква, оваа содржина го занемарила правото на министерот за образование и секторот што тој го води, да ја кажат својата верзија за настанот.
Темата можеше да биде поопширна. Професионалните новинари, од една вест секогаш може да напишат и други вести. Ако имаше релевантни статистики од полицијата, но и од Министерството за образование околу заканите што им се упатуваат на наставниците, тогаш веста ќе беше посодржинска и поконструктивна. Колку наставници се жртви на вакви закани? Какви мерки се преземени досега за да се спречи овој феномен? Дали преземените мерки влијаеле на подобрување на моралниот статус на наставниците?
Прашањата кои допираат до интересот не само на возрасните, туку и на учениците, треба да се третираат многу внимателно и при тоа да ги почитуваат правилата на професионалното новинарство. Секаква тенденција од страна на новинарот може да има негативен ефект, особено кога се знае дека дел од засегнатите страни може да бидат и учениците, до кои може да има негативно влијание овој неодговорен наслов, како и сликата што е поставена за да се пропагира идеата на редакцијата.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност, комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови