Ајварот контра сендвичите!
Објавено во Рецензии
on 27 - 09 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: СЛАБО ПОДДРШКАТА ЗА КАТИЦА: СДСМ мораше да ангажира автобуси и да дели кришки со ајвар за да донесе народ пред Собрание!]
Ова е еден тенденциозен и политички мотивиран текст кој има цел да ја дискредитира „Шарената револуција“ и нејзиниот организиран собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителство. Во написот нема извори, ниту факти со кои би се поткрепиле бројните коментари содржани во него.
Линк на оригиналниот напис: СЛАБО ПОДДРШКАТА ЗА КАТИЦА: СДСМ мораше да ангажира автобуси и да дели кришки со ајвар за да донесе народ пред Собрание!
Датум и време на објавување: 26.09.2016
Датум на рецензирање: 27.09.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
ПЛАТЕНИЦИ СО КРИШКИ АЈВАР!
Текстот уште на самиот почеток содржи тврдења кои не се поткрепени со никакви аргументи. Имено, на читателот му се создава слика дека за протестот на „Шарената револуција“ пред Собранието биле донесени автобуси со членови на СДСМ од други градови, дека улиците во Скопје биле блокирани, а граѓаните револтирани.
„Десетици автобуси со кумановски и велешки таблици пристигнаа во Скопје. Се паркираа кај Олимписки базен и донесоа партиски активисти на СДСМ со цел протестот за поддршка на СЈО да не доживее фијаско. Во Скопје денеска повторно се блокирани улици, граѓаните се револтирани, затоа што протестот се случува пред Собранието во време кога најголем број граѓани се враќаат дома од работа“.
Но, од фотографиите приложени во текстот не се гледа ништо. На сликите има автобуси, но тие се замаглени и не може јасно да се видат регистраските таблички за да може да се тврди дека се од Куманово и од Велес. Понатаму, нема потврда дека со таквите автобуси се носеле членови на СДСМ. Нема изјава од ниту еден член на оваа партија. Нема изјави ниту од наводно револтираните граѓани. Сето ова се тврди во написот, но нема потврда за истото, што ја доведува во прашање веродостојноста на напишаното.
„Од информациите на терен, мнозинството платеници воопшто не знаат зошто се донесени и која е целта. Единствено е тоа што ги гледаат нивните лидери на протестот, кои повторно уништуваат и оштетуваат јавни објекти и површини“.
Какви се тие информации „на терен“ ако нема ниту една изјава? Тука имаме само етикетирање на учесниците на протестот како „платеници“, но нема докази за тоа дека биле платени и колку биле платени.
„Дознаваме дека во општинските организации на СДСМ им делеле кришки со ајвар на оние кои тргнале со автобусите кон Скопје“.
Уште да видевме како луѓето во автобусите јадат ајвар! Ова е смислено напишано за да парира на написите за протестите организирани од власта, на кои се делеле сендвичи, но за тоа имаше многу видеоснимки и фотографии во дел од порталите приложени како докази, што во овој напис, не е случај.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови

