verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ахмети не донел конечна одлука за формирање влада

on 1 - 02 - 2017       

 

press 24

[Рецензија: Ахмети ја донел конечната одлука за формирање на новата Влада]

Текстот се базира на информација наводно објавена во други медиуми, но, всушност, преставува чиста шпекулација. Написот, во време кога се водат интензивни консултации во ДУИ пред истекот на рокот за формирање влада, тврди дека Али Ахмети донел одлука во новата влада да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, а како потврда за тоа цитира некои медуми, иако такво нешто не постои.

Ахмети ја донел конечната одлука за формирање на новата Влада Press24Линк до оригиналниот напис: Ахмети ја донел конечната одлука за формирање на новата Влада

Датум и време на објавување: 28.01. 2017, 11:37

Датум на рецензирање: 30.01.2017

Рецензент: Симона Атанасова

 

 

НЕВИСТИНА

„Лидерот на ДУИ, Али Ахмети веќе ја донел одлуката да ја направи новата Влада во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, пишуваат медиумите финансирани од СОРОС. Тие повикувајќи се на неименувани извори објавуваат дека овој став Ахмети вчера им го соопштил на партиските потпретседатели дефинирајќи го како конечен“.

Ова е целосна невистина. Во написот се вели „пишуваат медиумите финансирани од СОРОС“, но не е дефинирано за кои медиуми се работи. Нема линкови од текстовите што наводно ги пишувале шпекулациите, нема цитати од нивните текстови, ниту, пак, е именуван кој било медиум кој напишал вакво нешто.

Проблематична е и фразата „медиумите финансирани од Сорос“. Кои се тие медиуми и како се знае од кого и како се финансирани?

Во текстот се шпекулира во време кога портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, неколкупати ја брифираше јавноста за текот на внатрепартиските консултации. Ниту една од неговите изјави не е објавена во написот. Неколку часа пред да се објави овој текст, Османи потенцираше дека ДУИ нема донесено никаква одлука.

„Ахмети продолжува со консултациите. Немаме конкретни одлуки, ги анализираме сите опции за и против, оти знаеме за важноста на оваа одлука. Ситуацијата е деликатна, роковите се кратки, ќе продолжиме и во текот на утрешниот ден со овие консултации. Ние сме свесни за роковите, за целата ситуација, и посакуваме да се најде решение за да постигнеме политичка стабилност, но првично и важно е одлуката да биде добра, наместо навремена“.

Шпекулациите дека е донесена одлука ДУИ да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, Османи ги отфрли како невистинити во изјава дадена неколку часа откако беше објавен текстот што е предмет на оваа рецензија. Ова потврдува дека написот е целосна манипулација.

 

 

ШПЕКУЛАЦИИ

Портпаролот на ДУИ, како шпекулации ги оцени тврдењата дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, предложил коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас ги отфрлам таквите шпекулации. Ахмети има статутарно право и сам да одлучи за чекорите, но негова цел е да ги слушне мислењата на сите членови на претседателството за сите опции, за да се донесе најздрава одлука. Отфрлам дека има раздор во партијата или некакви преференции. Не ни е битна политичката судбина на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ важна ни е реализацијата на платформата и договорот потпишан со Албанците“.

Овој тенденциозен текст прекршува неколку членови ог Кодексот на новинарите, меѓу кои:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (1)
Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот. (12)

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

прикажува невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови