Абракадабра-докази
Објавено во Рецензии
on 12 - 07 - 2016 Автор: Симона Атанасова
[Рецензија: ПОСТОИ ЛИ ПРИТИСОК: Вработена во амбасадата на САД донесена во судот? (ИНФОМАКС)]
Текстот изнесува целосно непроверен и непотврден факт, со кој се обвинува дека вработени од Амбасадата на САД вршат притисок врз судиите и судовите.
Целиот напис е конструиран врз видеозапис во кој се гледа личноста, за која во текстот без доказ се тврди дека е вработена во Амбасадата на САД, во близина на судовите во Скопје. Исто така без потврда, написот тврди дека токму оваа вработена во Амбасадата на САД била задолжена за координација со Специјалното јавно обвинителство.
Линк до оригиналниот напис: ПОСТОИ ЛИ ПРИТИСОК: Вработена во амбасадата на САД донесена во судот? (ИНФОМАКС)
Датум и време на објавување: 03.07.2016, 17:44
Датум на рецензирање: 11.07.2016
Рецензент: Симона Атанасова
АБРАКАДАБРА-ДОКАЖУВАЊЕ
Според напишаното, присуството на вработената во Амбасадата на САД по правило, односно по дефиниција, значи дека таа е таму за да врши притисок врз судиите во нивното одлучување. И, ни помалку ни повеќе, туку притисок баш за предметите што ги води Специјалното јавно обвинителство!
„Според оригиналниот текст, иако речиси сите предмети кои досега ги покренува СЈО немаат апсолутно никаква основа за судски процес, Каранакова секојдневно врши притисок врз судиите и судовите, а последно е снимена како со службен џип од Амбасадата на САД е донесена во Кривичниот Суд во Скопје непосредно пред одлучувањето на судиите за предметот „Тврдина“, а откако забележала дека пред судот има новинари се упатила на задниот влез.“
Во текстот се тврди дека Каранакова била снимена како со службен џип од Амбасадата на САД била донесена во Кривичниот суд во Скопје. Текстот е зачинет и со видеоснимка, но на неа не се гледа ниту службениот џип на американската амбасада, ниту има потврда дека ова се случило истиот ден кога судиите одлучувале за предметот „Тврдина“ на СЈО.
Целосно се игнорира можноста дека Каранакова таму била присутна заради приватни причини, а дека тоа не е случај, нема потврда од ниту една страна.
ШТО ИМААТ СУДОВИТЕ ДА КАЖАТ?
Нема ни официјална ни неофицијална потврда од судот или од судиите дека оваа личност навистина им вршела притисок и тоа само за предметите на СЈО.
Не е побаран став од Судот дали Каранакова навистина била присутна таму како претставник на Амбасадата на САД. Недостига и официјален став од Амбасадата, која без докази се обвинува дека се меша во работата на судската власт.
Освен тоа написот се става во улога на суд, па си дава за право коментаторски да суди дали предметите кои ги покренува СЈО имаат или немаат основа за судски процес.
Текстот кој е предмет на ова анализа поставен е на сосема погрешни „столбови“ надвор од сите основни новинарски стандарди.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови