verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

А зошто се нашле Ховит и Гарет во насловот?!

on 12 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

infomax

[Рецензија: МОМЧИЊА МАЛТРЕТИРААТ ЖЕНА: Ова е земјата од која доаѓа Ричард Ховит и Гарет – погледнете ја цивилизациската заостанатост!]

 

Насловот на овој текст, кој информира за една немила случка во Велика Британија, е тенденциозен. Избрана е таква насловна конструкција во која сосема непотребно настанот се поврзува со имињата на британскиот амабсадор во земјава, Чарлс Гарет, и со европратеникот Ричард Ховит.

momchinja-maltretiraat-zhena-ova-e-zemjata-od-koja-doagja-richard-hovit-i-garet-poglednete-ja-civilizaciskata-zaostanatost-infomax-mkЛинк  до оригиналниот напис: МОМЧИЊА МАЛТРЕТИРААТ ЖЕНА: Ова е земјата од која доаѓа Ричард Ховит и Гарет – погледнете ја цивилизациската заостанатост!

Датум и време на објавување: 04.10.2016

Датум на рецензирање: 12.10.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ

Самата информација е во ред, но насловот и последниот коментар ја откриваат тенденцијата на овој новинарски производ.

„Ова е земјата од која доаѓаат Ховит и Гарет, погледнете ја цивилизациската заостанатост“.

Наслов од ваков тип уште на самиот почеток најавува што се сака да се постигне со напишаното.

Имено, текстот информира за млади Бритнаци кои нападнале Романка и ја навредувале, само затоа што била мигрант, односно кон неа се однесувале дискриминаторски. И каква врска имаат европратеникот Ховит и амбасадорот Гарет со однесувањето на неколку момчиња? Никаква!

Постапките на неколку поединци во никој случај не можат да се поврзат со политиките на државата и според тоа не може цела држава и сите Британци да се поистоветуваат со неколкумина.

„Ова е таа западна „култура“. Мизерно“.

Последниот коментар, исто така, говори за тенденциозноста на текстот. Зарем западната култура, како широк поим, може да се поистовети со однесувањето на овие момчиња?!

Видливо е дека текстот е политички мотивиран и има цел да ги нападне Гарет и Ховит само затоа што се спротивставуваат на политиките на власта.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

во насловот

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови