А што е битно како се храни внуката на Заев?!
Објавено во Рецензии
on 28 - 02 - 2017 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: Заеви се хранат со кавијар од 1500 евра (ФОТО)]
Текстот претставува политичка пропаганда, што е надвор од новинарските стандарди, особено ако се земе предвид дека не станува збор за јавна личност, туку за роднина на еден експониран политичар. Идејата на написот е преку внуката на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, да се дискредитира Заев.
Линк до оригиналниот напис: Заеви се хранат со кавијар од 1500 евра (ФОТО)
Датум и време на објавување: 20.02. 2017
Датум на рецензирање: 27. 02. 2017
Рецензент: Димитар Тануров
САМО ДА СЕ ОЦРНИ ЗАЕВ
Бомбастичниот наслов, кој е класичен пример за собирање кликнувања, најавува дека тоа што внатре може да се очекува е сензационализам. Споменувањето на презимето „Заеви“ асоцира дека текстот што ќе следи ќе се однесува на потесното семејство на Зоран Заев. Но, всушност, целиот текст е граден околку неговата внука, чиј идентитет, веројатно, намерно не е целосно сокриен.
„Внуката на Зоран Заев која е позната по луксузите кои ги споделува на својот инстаграм профил, пред два дена уште еднаш ги потсети своите 20-тина илјади следачи дека е дете на милионери и објави фотографија од својот најнов оброк, скапоцен кавијар“.
Името на внуката на лидерот на СДСМ не е наведено во текстот, но тоа може јасно да се види од сликите што се објавени. Нејзиното име е само привидно скриено, што претставува нарушување на приватноста.
Главниот проблем во написот е тоа што не станува збор за лице кое е јавна личност, ниту, пак, за трошење на средства на граѓаните. Внуката,всушност, тука е само искористена за да се оцрни лидерот на СДСМ, особено во период кога сè уште не е оформена влада и кога политичките партии преговараат. Со ваквите написи се прави обид да се урне рејтингот на Заев, а неговата внука во случајот е „колатерална штета“.
Во насловот стои дека кавијарот чини 1.500 евра, а во текстот се наведува дека порција во ресторанот може да чини и „до“ 1.500 евра. Не е направена проверка колку чини конкретната порција, која е објавена на социјалната мрежа, ниту, пак, е направен обид да се добие изјава.
На крајот на коментаторскиот текст се наведува дека граѓаните на социјалните мрежи коментираат, но овие коментари никаде не се прикажани со принтскрин, како што тоа е направено со објавата на внуката на Заев.
Написот се коси со неколку членови од Кодексот на новинарите, кој налага да се почитува приватноста, да се објавуваат проверени инромации, да се прави разлика меѓу факти, мислења, вест и коментар, да се обезбеди професионална дистанца при информирањето и свесно да не се создаваат ниту да се преработуваат информации кои ги загрозуваат човековите права или слободи.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
социјална, политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови