А какви се мајките, дебели и „несекси“?!
Објавено во Рецензии
on 30 - 07 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: СЕКСИ КИАРА: Дали ќе рече некој дека таа е мајка? (ФОТО)]
Текстот што е предмет на оваа рецензија има бомбастичен наслов, а истиот, всушност, е бомбастична ступидност. Имено, написот е дискриминирачки и поставува некакви стереотипи за тоа како изгледаат жените што родиле деца.
Линк на оригиналниот напис: СЕКСИ КИАРА: Дали ќе рече некој дека таа е мајка? (ФОТО)
Датум и време на објавување: 27.07.2016
Датум на рецензирање: 29.07.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
СТЕРЕОТИПИ
„Секси Киара, дали ќе рече некој дека таа е мајка?“ Што треба да значи ваквиот наслов? Дека сексапилноста не соодветствува со мајките? Многу конфузно и нејасно.
„Светски познатат пејачка Киара е една од најубавите жени на планетава. Таа има линија која ја посакува секоја жена. Киара има 30 години и стана мајка пред две години, но кој би рекол дека оваа „риба“ родила дете“.
Во првиот пасус од текстот се отвораат неколку дилеми и нејаснотии. Се наведува дека пејачката имала „линија“ каква што посакува секоја жена? Ова претставува своевидна дикриминација и стереотип. Имено, од каде тој став дека секоја жена го посакувала изгледот на оваа пејачка? Несериозно е да се тврди такво нешто и притоа да се гради став дека секоја жена би требало да изгледа така.
Подолу, написот прашува „кој би рекол дека оваа девојка родила дете?“ А зошто да не рече некој дека таа е мајка? Што е тука спорно? Нејзиниот изглед? А како, всушност, изгледаат мајките? Написот гради стереотип дека жените што родиле деца не се убави и не изгледаат добро. Апсурд невиден! Зарем има некој модел по кој треба да се обликуваат мајките?
Овој текст е дискриминаторски и не соодветствува со професионалните и со етички норми во новинарството. Гради стереотипи и притоа ги понижува и ги навредува жените што родиле.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
полова дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови