verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

А каде е партиската пристапница на Јанева?!

on 29 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Катица-потпиша-пристапница-во-СДСМ-Вечер 11

[Катица потпиша пристапница во СДСМ!]

 

Ова е еден спинерски текст во кој острицата на нападите е насочена  кон специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Насловот на написот содржи невистинита информација и создава погрешна слика кај читателот. Да се тврди дека некој потпишал пристапница за некоја партија, значи дека станал нејзин член, а за тоа е потребно да се има доказ. Такви докази нема во содржинскиот дел на текстот. Така што, насловот  целосно „виси“ и тој е наменски ставен за да ја дискредитира јавната обвинителка.

Катица потпиша пристапница во СДСМ ВечерЛинк на оригиналниот напис: Катица потпиша пристапница во СДСМ!

Датум и време на објавување: 27.01.2016

Датум на рецензирање: 28.01.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

КРИТИЗЕРСТВО

Текстот на самиот почеток содржи напади и осудувања за работата на специјалната обвинителка и навестува дека е политички пристрасен.

„Специјалната јавна обвинителка која вчера со поддршка на пратениците доби 4 милиони евра за обвинителството непречено да функционира, беше активна на социјалните мрежи и будно ги следеше активностите кои ги организираат опозиционерите.“

Јанева, меѓу другото, се критикува и за начинот на кој ги пласирала информациите за работата на Специјалното јавно обвинителство.

„Со толкав одобрен буџет, наместо да се направи интернет сајт на Специјалното јавно обвинителство, Катица одлучи информациите да ги пласира преку Фејсбук, па единствено креираше Фејсбук група на СЈО.“

Меѓутоа, никаде, во ниту еден закон не е пропишано и утврдено на кој начин Специјалното јавно обвинителство треба да информира за своите активности. Дали тоа ќе биде преку посебна веб-страница или преку социјалната мрежа „Фејсбук“, е одлука на институцијата. А улогата на еден напис не е да суди, туку да информира.

Во спинерската приказна што се плете во оваа медиумска содржина, Јанева се поврзува со некакви активности на „Фејсбук“, за кои без никакви докази се тврди дека се организирани од опозиционерите, а кои специјалната обвинителка, наводно, ги следи и ги поддржува.

„Така, Јанева на нејзиниот профил на Фејсбук пристапила кон групата на заинтересирани кои организираат протест против еврокомесарот Јоханес Хан, кој кон средината на февруари повторно ќе дојде во Скопје.“

Но, доколку внимателно се погледне „скриншотот“ од фејсбук-објавата прикажана во рамките на текстот, ќе се види дека Јанева покажала интерес за настанот, а не дека пристапила кон групата и слично. Оној што разбира како функционира мрежата „Фесјбук“ знае дека доколку некој сака да ги следи информациите поврзани со некој настан, тоа може да го направи преку стискање на копчето „заинтересиран“ и така ќе ги добие најновите информации поврзани со тој настан. На страната има и опција „ќе одам“ на настанот (во конкретниот случај на протестот против Хан), со што се потврдува присуството. Тоа, пак, не е случај со Јанева.

Во завршниот дел на написот се пласира манипулативна порака дека „Јанева е само дел од луѓето кои важат за блиски до опозициската партија и кои жестоко го напднаа еврокомесарот“. Притоа, недостига одговорот на прашањето за што Јанева го нападнала Хан и каде е нејзината изјава поврзана со тоа?

Настрана што е неиздржано да се тврди дека секој што го критикувал Хан е опозиционер.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

има во насловот

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови