verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Членови на ВМРО-ДПМНЕ: Еве како ВМРО-ДПМНЕ победува!

on 20 - 03 - 2014       

I-A1ON-a1on_mk_wordpress_archives_297514-crop-resize

Главниот проблем со написот: „Членови на ВМРО-ДПМНЕ: Еве како ВМРО-ДПМНЕ победува“, е што информацијата не е проверена и не е побаран став од засегнатата страна. Во текстот се користи анонимен извор на кој му е заштитен индентитетот, што не е непознаница во новинарството. Но,  фали барем уште еден извор (макар  и тој да биде анонимен), како потврда на наводите:

„ВМРО–ДПМНЕ ништо не остава на случајност, како за претходните така и за овие подготвиле сценарио како треба да тече изборниот ден, кој кого носи на гласање и кој и точно во кое време реферира што се случува со гласачите кои ги врбувал.“

FireShot Screen Capture #220 - 'Членови на ВМРО-ДПМНЕ_ Еве како ВМРО-ДПМНЕ победува! I A1ON' - a1on_mk_wordpress_archives_297514Линк до оригиналниот напис: Членови на ВМРО-ДПМНЕ: Еве како ВМРО-ДПМНЕ победува!

Датум и време на објавување: 13.03.2014, 12:16

Датум на рецензирање: 18.03.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПРОПУШТЕНА МОЖНОСТ

Вистинитоста на материјалот што го рецензираме е ставена под прашалник. Тој не нуди цврсти аргументи за тврдењата изнесени во него. Во текстот, имено, е пренесена презентацијата, која медиумот, како што е наведено, ја добил од „член на ВМРО – ДПМНЕ, кој се плаши јавно да проговори“, а во која, наводно, е прикажано сценарио за „мобилизација“ на владејачката партија за денот на изборите. Во него до детали  и со сатници е разработен планот како ќе се  контролира гласањето, најпрво на партиските членови, а потоа и на луѓето  од кои претходно добиле гаранции дека ќе гласаат за владејачката партија. Според сценариото за изборниот ден:

„од 7,30 до девет часот партиското членство се собира во штабовите на месните комитети, каде има одговорно лице кое им врши евиденција, а потоа во групи од 30 членови на ВМРО-ДПМНЕ заедно со одговорното лице одат на гласање. Од 9 до 11 часот  call центарот ги контактира сите членови кои не ја испочитувале наредбата и не гласале, а во 10 часот мобилни екипи одат по домови и членовите ги носат на гласање. Од 9-12 часот секој член  мора да го однесе на гласање  лицето за кое гарантирал дека  ќе гласа за ВМРО – ДПМНЕ. Одговорното лице, пак, задолжително ги чека пред избирачкото место за да контролира дали сите кои ветиле дека ќе гласаат, излегле да го исполнат тоа….“

Планот со таксативно наредени наредби можеби навистина се однесува на членството на владејачката партија и, како што се тврди во текстот, можеби се „подготвува истото сценарио“ како од изборите во 2011 и во 2013 година, кога медиумите обелоденија афери со избирачкиот список и со вработени во админситрацијата, врз кои, наводно, власта вршела притисок да обезбедат лица кои ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ

Сепак, написот освен тврдењето на анонимниот извор, не содржи други елелемнти кои би ја потврдиле автентичноста дека навистина станува збор за презентација на владејачката партија.  Гледано од тој аспект, преамбулата на новинарскиот Кодекс јасно кажува дека „основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија“,  а во првиот амандман ( ставовите 2 и 4) децидно стои:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“ 

Тука, за жал, е пропуштена можноста да се тестира веродостојноста на материјалот до кој дошол медиумот. Така што, читателот кој го предложи овој напис на сајтот на Сервисот за проверка на факти од медиумите, со право паршува:

„Од каде знаеме дека е ова  вистина?“

 

ПУБЛИКАТА Е, СЕПАК, СОМНИЧАВА

Текстот  што го рецензираме не е комплетен. Во него се искажани сериозни обвинувања на сметка на  партијата на власт, па еден коректен новинарски пристап подразбира да се слушне и нејзиното мислење. Од написот не се забележува дека е направен обид да се контактира партијата. Сосема друга работа е тоа што неколку дена по објавувањето на информацијата, сѐ уште  нема никаква реакција од засегнатата страна, што се толкува како сигнал дека таков „документ“ имало во партијата. Сепак, тоа не го оправдува игнорирањето на втората страна на приказната. Дополнително, со експлицитното тврдење  искажано уште во првата реченица,  дека  ВМРО-ДПМНЕ како за претходните, така и за овие избори подготвиле сценарио како треба да тече изборниот ден“,  се покажува пристрасност кон опозицијата.

Од исказот на  неименуваниот член на  владејачката партија, во насловот е извлечен цитат:

„Членови на ВМРО-ДПМНЕ: Еве како ВМРО-ДПМНЕ победува!“ 

Ако медиумот имал целосна доверба кон изворот, не може да очекува и од публиката да не биде сомничава. Читателите не може безрезервно да веруваат во се што ќе им се понуди и тоа особено, ако зад неа стои еден едиствен анонимен извор. Тоа, можеби, навистина е така. Но, вака, како што е пласирано, делува неуверливо и буди сомнеж дека, можеби, сепак, станува збор  за некаква конструкција.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови