verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Семејство со пет деца и само со 2.000 денари социјална помош

on 13 - 02 - 2014       

telma-09809988-00980-crop-resize

Текстот е олицетворение на една од новинарските функции, а тоа е да направи да се слушне гласот на оние што не се експонирани во јавниот живот, не припаѓаат на т.н. „општествени елити“, а, сепак, се дел од нашето секојдневие. Преку човечки агол и изјави е направена сторија за животот на едно семејство кое едвај скрпува крај со крај, а притоа се испраќа и порака до институциите да го преиспитаат своето работење. Новинарската сторија е соодветно видео-документирана со изјави и со снимки од амбиентот во кој живее семејството, што ја прави уверлива. Од овој прилог може да се добие впечаток за евентуални „законски дупки“ при доделувањето на надомест за трето дете.

telmaЛинк до оригиналниот напис: Семејство со пет деца и само со 2.000 денари социјална помош

Датум и време на објавување: 09.02.2014

Датум на рецензирање: 11.02.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Видео-материјалот во прилогот, изјавите од засегнатите, како и кадрите од документацијата, говорат за тоа дека изнесените факти се вистинити. Низ изјави е раскажана тажна приказна на едно македонско семејство кое е во тешка социјална положба. Она што текстот и прилогот успеваат да го направат е да испратат порака за помош за ова семејство што е благородна функција на медиумите.

Извори на информации: Можеби недостаток на овој прилог е тоа што не е контактирана втората страна, односно институциите на системот, сепак, текстот и прилогот содржат доволно изјави за да се сфати поентата и да се прими пораката. Изјавите во камера, исто така, даваат релевантност и ги посочуваат идентификуваните извори.

Содржајност: Текстот и прилогот содржат јасна експликација на проблемот односно на „лавиринтот“ во кој е заглавено ова семејство, не исполнувајќи ги законските критериуми за доделување на парична помош, а, сепак, има повеќе од три деца во семејството. Станува очигледно како законите некогаш може да остават обесправени граѓани во општеството. Покрај тоа, текстот и прилогот нудат и финиш во кој се упатува апел за помош. Исто така, искористен е човечкиот агол и емотивниот дискурс за пренесување на пораката од овој медиумски производ.

Оригиналност/Плагијат: Редакцијата на „Телма“ е позната по својот принцип самостојно да ги обработува и да ги документира настаните кои ги следи, па, така, и посочениот прилог претставува авторско дело со точно прецизиран новинар кој го изработил.

Квалитет на насловот: Насловот е несензационален, но позитивно е што пренесува факти. Не се искористени техники за тој да се направи атрактивен и во насловот нема глагол, но, сепак, понудените факти се доволни сами за себе за да го привлечат вниманието и јавниот интерес.

Фотографија: Дури и во он-лајн верзијата, фотографијата е споредна и ставена во втор план зад видео материјалот. Евидентно е дека фотографијата е искористена само од неопходност, а не да го збогати визуелното претставување на медиумскиот производ. Таа е коректна.

Заклучок: Пред нас имаме сторија претставена преку човечки агол, во која се гледа една од улогите на новинарството, а тоа е да се стави на страната на „обичниот човек“. Прилогот и текстот бараат одговорност, упатуваат апел за помош и лоцираат постоечки проблем за кој сѐ поретко се слуша на македонската медиумска сцена. Изборот темата да се сработи преку изјави од засегнатите е професионален и затоа оваа сторија остава уверлив впечаток.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови