verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ВМРО-МВРО фалба и напад на критичарите

on 14 - 07 - 2016       

 

Komandir komita

[Рецензија:  Командир-комита: вака се колнеа патриотите дека ќе ја бранат Македонија]

 

Полицаец ги „измешал брзините“, па побркал што е во доменот на професионалното, а што на приватното. Ај што тој го сторил и јавно го објавил тоа, туку чинот е глорифициран од дел од медиумите, кои дотичниот дури и го крстија командир-комита. Дали е ова тоа ВМРО-МВРО за кое слушавме во изминатиот период?!

 

 

11111Линк до оригиналниот напис: Командир-комита: вака се колнеа патриотите дека ќе ја бранат Македонија

Датум и време на објавување: 13.07.2016  11:57

Датум на рецензирање: 13.07.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

КОМАНДИРОТ-КОМИТА ГИ „ПОБРКА“ МВР И ВМРО

Во домашното општествено-политичко реално шоу недостигаше уште ова – „полицаец суперѕвезда“, од провладините медиуми карактеризиран како командир-комита. За плус се зема што во униформа, што укажува дека е на должност, високорангиран припадник на МВР бакнува пиштол и кама, што е дел од традиционалното зачленување во историското ВМРО. Овој чин во последниот период некои партиски активисти го поистоветуваат со знак на изразување лојалност кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Би кажале дека првиот човек на крушевската полиција, кој е така опишан во написот, како да заборавил што значи професионално, а што приватно. Како полицаец тој дава заклетва пред државата. Навистина е нејасно каква порака тој испраќа кога облечен во униформа на државна институција бакнува револвер и кама, зашто навистина, чинот може да се толкува на многу начини.

„Полицијата развива висок степен на професионализам на полициските службеници, преку извршување на полициските работи согласно принципите на граѓанското општество“ – член 13 од Кодексот на полициска етика.

„Униформата и посебната опрема на Полицијата, како и полициските станици се лесно препознатливи, што овозможува отвореност и транспарентност на полициската организација“ –  член 14 од Кодексот на полициска етика.

Но, ајде, за другите проблеми од новинарска гледна точка. На настанот веднаш му се дава ултрапатриотска димензија:

„Командир-комита: вака се колнеа патриотите дека ќе ја бранат Македонија“

Па, следуваат цитати од заклетвата на историското ВМРО:

„Се колнам во Бога, во верата и во својата татковина Македонија и Одринско, дека безусловно ќе се покорувам на старешините и без приговор ќе ги извршувам неговите заповеди, дека никому нема да му ги издавам ни со збор….“

А никаде не се цитира заклетвата што ја дава секој полицаец, не се забележува дека Македонија, според Уставот, е секуларна држава….

 

ТЕКСТ ШТО ГЛУМИ „ДРВЕН АДВОКАТ“

Значи, ситуацијата е сложена, а текстот дополнително ја усложнува мешајќи „баби и жаби“, ставајќи во ист контекст минато и сегашност. Истовремено, се прави и сериозен спин зашто се пласираат тврдења кои имаат цел да се пресметаат со други медиуми-неистомисленици кои ја осудиле постапката на полицаецот. Притоа се „лепат“ несоодветни формулации кои, придружени со вонконтекстуални фотографии, како да се обидуваат да го „исперат“, да го оправдаат и да го пофалат командирот, а истовремено и да се омаловажат политичките противници на власта.

„За овие медиуми не се прифатливи фотографии на кои се гледа како се колнат патриотите дека ќе ја бранат Македонија, туку се прифатливи фотографии на кои квази-патриоти прават селфи со смешкање на места каде што гинат патриотите“.

Тенденциозно, ама и „ковање“ опасни реченици, кои ја повторуваат тезата на една политичка опција за поделба на ваши и наши, партиоти и предавници…

Написот, кој знае зошто, се нашол повикан да го брани полицаецот, да изигрува негов „дрвен адвокат“, да ја воспева неговата постапка без да покаже барем малку здраворазумско расудување и логицирање за тоа каква држава е Македонија, каков е составот на нејзиното население, чувствителноста на политичкиот момент, наелектризираната атмосфера меѓу граѓаните, итн.

Искрено, во ваква ситуација нема потреба од чин во кој полицаец како да сака на дело да го покаже феноменот „ВМРО-МВРО“, ниту, пак, од текстови во кои тоа се опишува како некаков си „полициски комитлак“.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

неофицијални

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

креативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови