Оглас: Ангажирање на новинари – рецензенти
Објавено во Активности
on 23 - 08 - 2013 Автор: AdministratorФондацијата Метаморфозис, за потребите на проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е наменета за објавување на новинарски рецензии, критички анализи на дискурсот и новинарски лекции, објавува оглас за привремено ангажирање на новинари-рецензенти.
Новинарите-рецензенти ќе бидат дел од тим на новинари кои ќе идентификуваат важни дневни вести, ќе спроведуваат рецензии на таквите содржини и повремено ќе пишуваат подолги написи за јавна едукација во врска со имплементацијата на новинарските стандарди.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- да имаат завршено студии од областа на новинарството, комуникологијата или сродна област;
- како основа на својот професионален ангажман во сферата на медиумите го прифаќаат Кодексот на новинари на Македонија или друг еквивалентен кодекс на етички и професионални стандарди усвоен од релевантна организација на новинари (оваа заложба за прифаќање на стандардите за саморегулација треба да се објасни во рамките на мотивационото писмо);
- да имаат минимум 2 години работно искуство во полето на медиумите;
- да имаат аналитички способности;
- добро да го владеат пишаниот македонски или албански литературен јазик.
Предност при изборот ќе имаат кандидатите кои:
- моментално не се во работен однос во медиум од Македонија;
- се членови на професионални здруженија на новинари кои се залагаат за унапредување на професионалните стандарди;
- можат на професионално ниво да ги следат и рецензираат медиумите на македонски или на албански јазик.
Кандидатите треба да испратат кратка биографија и писмо за мотивација, како и линкови до 3 сопствени статии или скенирани објави, преку е-пошта на info[at]metamorphosis.org.mk.
Рокот за пријавување е 10 септември 2013 година.
Метаморфозис овозможува еднакви можности и фер и непристрасен третман при ангажирање соработници, без разлика на нивната раса, боја, пол, етничко потекло, возраст, попреченост, политичка поврзаност, брачен статус или сексуална ориентација.
——————————————————————————————————————————-
Целта на проектот, поддржан од американскиот народ, е да се зголеми моќта на граѓаните на Македонија да бараат одговорност од страна на медиумите и да им помогнат на новинарите во исполнувањето на нивните професионални стандарди, преку онлајн-алатки за јавна едукација и подигнување на свеста.