verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ЗЛОУПОТРЕБИТЕ НА МЕДИУМИТЕ: Избор написи на проф. д-р Мирјана Најчевска во 2016 година

on 31 - 12 - 2016       
Мирјана Најчевска. Фотографија: личен Фејсбук профил. Фото-ефект: funphotobox.com

Мирјана Најчевска. Фотографија: личен Фејсбук профил. Фото-ефект: funphotobox.com

 

 

Работата на ад хок телото: Предизборeн надзор на медиумите во време на поствистината (22.12.20016)

Паѓа в очи фактот дека за ниту еден од медиумите што ја поддржуваат политиката на актуелната власт, влегувањето на УЈП во поголем број здруженија на граѓани одеднаш воопшто не претставува вест. Дури и оние мал број медиуми што ја информираат јавноста за активностите на УЈП, не се впуштија во поопсежни анализи и не ја продлабочија медиумската контрола над постапувањето на еден од државните органи.

 

Влијанието на двојазичноста врз преселбата на Македонците на Марс (07.12.2016)

Слободата на информирање не подразбира слобода на дезинформирање, на измислување и на мамење. Слободата на информирање особено не значи слобода на ширење омраза, поттикнување насилство и ограничување на правото на луѓето на слободен избор со заканување и со заплашување.

 

Пропаганда не е исто со информирање – за пропагандни пораки се плаќа (21.10.2016)

Информирањето подразбира дека се поставуваат прашања, се анализира, се става во контекст, се следи одредена развојна линија, се преиспитува, се бараат дополнителни информации…

 

Репликација наместо плуралитет (04.10.2016)

Самото постоење на поголем број регистрирани медиуми, со различни имиња, уредувачки одбори и новинари, не го прави информирањето на граѓаните побогато и поразновидно и не нуди поголем број информации врз основа на кои граѓаните ќе можат да стекнат што е можно пореална слика за одреден настан, односно да изградат сопствен став за одредена појава или ситуација.

 

На лагата ѝ се кратки нозете – особено со едноставно објаснување на сложена материја (26.08.2016)

Споредбеното и табеларно прикажување на промените, со посочување на недоследностите во прераспределбата на средствата погледнато низ призмата на основното образложение за пристапување кон ребаланс, може да ѝ помогне на јавноста во разбирањето на ситуацијата.

 

Владеењето на правото е за да се казни и да се спречи злоупотреба (09.08.2016)

Медиумите пропуштија да ѝ свртат внимание, но и да ѝ објаснат на јавноста како се манифестира спојувањето на партијата со државата и кои се негативните последици од едно вакво спојување.

 

Демократија е кога власта одговара пред граѓаните за секој потрошен денар (02.06.2016)

Моменталниот начин на медиумско известување за наодите на Државниот завод за ревизија не соодветствува на сериозноста на еден ваков извештај и не ги искористува докрај сите можности што ги дава.

 

Хајка против уставното право на протест (23.05.2016)

Текстовите што тврдат дека активисти и новинари се платеници не нудат докази со кои се поврзуваат податоците за хонорари од минатото со излегувањето на протести.

 

Манипулација и пропаганда преку измислување непријатели (28.042016)

Еден од начините на медиумска манипулација е измислувањето непријател кој сака да ѝ наштети на државата.

 

За правото се работи: Eдно ливче – тежок криминал (24.03.2016)

За некој да се гони и да се казни за изборна измама, не се потребни илјадници прекршувања, илјадници непостоечки гласови или илјадници луѓе чии гласови биле злоупотребени. Потребен е само еден човек чие право е повредено…

 

За орелот со две глави, 50-метарскиот крст и за другата урбана опрема (03.03.2016)

Медиумското известување во кое ваков вид настани остануваат на нивото на краткотрајни бомбастични вести, без деконструирање и детално анализирање… станува алатка на политичките партии во хомогенизирањето на луѓето врз основа на етничка и на верска припадност и во зацврстувањето на спротивставените гласачки групи.

 

Новинарите не се џукели туку кучиња-чувари (07.02.2016)

Вочдог-новинарството подразбира: проверка на сите факти на кои се повикуваат функционерите, предизвикување на функционерите со проблемите и со грижите што ги манифестира јавноста, прибирање информации од места кои се недостапни за јавноста, истражување на одредени прашања во подолг период.

 

 

 

Претплатете се за најнови вести