verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Злоупотребена слобода на говор

on 21 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Pandov-velepredavstvo-crop-resize

[Рецензија: Во судската постапка за „Пуч“ треба да се изречат најстроги казни]

 

Најмалку четири члена од Кодексот на новинарите се прекршени во медиумската содржина што ја рецензираме. Најтешко е повреден вториот став од членот 8, кој прецизно нагласува:

Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

Во медиумската содржина која, во основа се пренесени акценти од учеството на „аналитичарот“ во некоја ТВ-емисија, за која не се наведува ниту нејзиниот наслов, ниту времето на емитување, како основни податоци за да има публиката oриентација за контекстот и за времето, се прекршени уште неколку суштински професионални стандарди на кои во последните извештаи на меѓународните организации за слободата на медиумите во нашата земја особено се фокусира вниманието: говорот на омраза, човекови права и слободи, односно правото на слободно изразување и политичко дејствување, како и поттикнувањето на насилство и на дискриминација. Впрочем, десеттиот член од Кодексот е сосема прецизен:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…)

04162015-Republika-PandovЛинк до оригиналниот напис: Во судската постапка за „Пуч“ треба да се изречат најстроги казни

Датум и време на објавување: 15.04.2015 09:14

Датум на рецензирање: 20.04.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Следејќи ја сопствената матрица за „стандарди“, приредувачите на оваа медиумска содржина целосно заборавиле на објективноста, која треба да се постигне со шанса за втората страна, како и видливо да се види медиумската дистанца од политичките субјекти. Како што вели членот 14 од Кодексот:

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Се разбира, медиумот има право да избере политичка страна, но дури и тогаш, треба да внимава на минималниот праг на стандарди, зашто од медиум кој поддржува одредена политичка опција, до медиум-мегафон на некоја политичка партија има разлика. Исто како што има разлика од медиум кој им дава шанса на различните опции до оној медиум кој дава шанса само на една опција и тоа со намера да дискредитира личности од јавната сфера.

Зашто така препорачува и членот 16 од Кодексот:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

За секој новинар, без разлика дали некоја политичка опција му е поблиска или не, важно е да знае дека слободата на говорот оди само дотаму додека не ги загрозува слободата, правата или физичката безбедност на другите луѓе, општествени групи или поединци. Овој текст како да заборавил на тоа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести