Злоупотребата на насловите за повеќе кликови е непрофесионализам
Објавено во Рецензии
on 15 - 11 - 2019 Автор: АдминОва е чист случај на злоупотреба на насловот при објавувањето на некоја вест. Насловот „ве кани“ да ја прочитате веста затоа што „ви ветува“ дека ќе обезбеди важни информации за тема за која можеби ве интересира, но реално не го исполнува ветувањето. Дури и контекстот е целосно надвор од изборите и нема никаква врска со начинот на кој Теута Арифи ја освои позицијата градоначалник на Тетово.
Линк до оригиналниот напис: „Теута Арифи: Како победив два пати на изборите за градоначалник на Тетово“ Teuta Arifi: Si i fitova dy herë zgjedhjet në komunën e Tetovës
Датум и време на објавување: 30.10.2019, 16:42 часот
Датум на рецензија: 31.10.2019
Рецензира: Фатлуме Дервиши
Во одбележувањето на месецот на борбата против ракот на дојка, во една организирана активност, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи беше присутна во улога на панелист. За јавноста е познато дека Арифи лично се справила со болеста пред неколку години поминувајќи низ третман. Во тој период таа беше делумно повлечена од политиката, а подоцна, по целосното закрепнување, се врати активно. На настанот таа ја раскажува својата приказна и авторот на текстот цитира:
Пред десетина години успеав да направам две операции, всушност, додека бев бремена, после тие две операции да родам дете, потоа да одам на терапија, да ја изгубам косата за повторно да ми порасне, а после тоа двапати да победам на изборите во општина Тетово, и на крај да се справам со проблемите што не се едноставни, пишува во текстот што го разгледуваме, без да се стават наводници за да се одреди делот од цитатот.
Всушност, ова се воведните зборови на текстот и само според значењето или некаде близу крајот на текстот, сфаќате дека станува збор за цитат. Но, како што може да се види јасно, Арифи воопшто не зборува за политичкиот аспект за тоа како победила на локалната трка на изборите. Текстот ја нема соодветната структура на една вест од аспект на тоа како е ставен насловот на текстот а и според други елементи.
Насловот надвор од контекстот
Брзо се сфаќа дека насловот не е поврзан со остатокот од текстот и, иако му ветува на читателот одредено појаснување на друга тема, тој целосно го става надвор од контекстот.
Очигледно, авторот проценил дека таков наслов може да предизвика поголем интерес и да привлече повеќе кликови отколку наслов што би разјаснил дека Арифи зборува од позицијата на политичар за нејзината битка со ракот на дојка а не од позицијата на градоначалник, за механизмите за победа на политичката битка во двата мандати.
Техники на манипулација
Авторот ги игнорира основните податоци само за да ја постигне својата цел и да привлече внимание, но без заслуги. Ова го прави текстот непрофесионален. Објективно гледано, авторот требаше да ја следи изјавата на Ариф во рамките на контекстот и така да го претстави во насловот.
Или пак, овој наслов би бил соодветен само доколку авторот би направил анализа која би го вклучила ставот на Арифи за мобилизација и начинот на кој таа ги освоила двата мандата како градоначалничка, без да се вметне тука борбата со ракот на дојка, затоа што овие две работи воопшто не се поврзани.
За читателите
Еден ваков наслов би го привлекло вниманието на сите затоа што е изграден за таа цел. Но, кога текстот не успева да го испорача она што е ветено, тој напис мора да се земе со многу резерви и со критичко око. Читателот треба да знае дека без јасна структура со главниот „извор“ во веста, со извори и факти, веста е нецелосна и непрофесионална.
Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.