verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Злонамерно извртување на ставот на Брисел кон нашите маки со короната

on 22 - 04 - 2020       

[Рецензија: Сега и дефинитивно! Нема медицинска опрема за Балканот: ЕУ си го кажа своето…]

Во деновите кога стана дефинитивно јасно дека земјава влегува во преговори со ЕУ и дека Република Северна Македонија го надминува својот претходен статус на тој план, се појавија и текстови кои во медиумите настојуваат да го минимизираат тој напредок. Еден од нив е и овој текст во кој се пласира лажна информација за помошта која Унијата ја дава на земјата во борбата со коронавирусот. Она што е придобивка за земјата на тој план, по дипломатската акција на МНР, се прикажува како неуспех и се настојува да се добие поинаква слика во јавноста за земјава во бриселските институции.

Линк до оригиналниот напис: Сега и дефинитивно! Нема медицинска опрема за Балканот: ЕУ си го кажа своето…

Датум и време на објава: 15 април 2020 – 15:35

Датум на рецензија: 17 април 2020

Рецензент: Љубомир Костовски

Текстот што е предмет на рецензија не пресретнува како читатели со  илустрација, која покажува некаква подбивна позиција на земјата како барател да стане равноправен член на ЕУ и со насловот, поднасловот и воведниот текст имплицира дека земјава како барател за добивање на медицинска опрема од Западна Европа – извисила и така покажала дека е „слепо црево на Балканот“.

Но, подолу во веста, за трпеливите читачи на вестите (недвојбено не се сите такви), стои дека:

Новиот систем за дозвола на извоз на медицинска опрема, кој ќе важи 30 дена почнувајќи од 26 април, нема да се однесува на Западен Балкан и тоа на земјите кој се вклучени во процес на интеграција со ЕУ – најавила Европската комисија.

Како би гласела коректната вест? Онаа која секако ја пласира вистината за темата и не прави никакви калкулации по тоа прашање?

Најпрвин треба да се цитира дословно соопштението на МНР (авторот да има барем еден јасен извор на информација), во кое стои дека:

По иницијатива на шефот на дипломатијата Никола Димитров, на која се приклучија сите министри за надворешни работи од регионот, Европската комисија започна консултации со земјите членки за географско прилагодување на предлог регулативата за извозни рестрикции за медицинска опрема, со која земјите од Западен Балкан ќе бидат изземени од обврската за барање на извозни дозволи за набавка на ваков вид на опрема при увоз од земјите на ЕУ, соопштија од Министерството за надворешни работи

Во продолжение се вели дека новата регулатива на Унијата која е предвидено да започне да се применува после 26 април:

Ќе ги обврзе земјите членки на ЕУ експедитивно да ги процесираат барањата и да издаваат извозни дозволи за итни набавки во контекст на хуманитарна помош за справување со коронавирусот, врз основа на проверка за расположливоста, во консултација со Европската комисија. Со изменетата регулатива, земјите од Западен Балкан ќе бидат целосно изземени од ваквиот механизам на ЕУ за сите видови на медицинска заштитна опрема и материјали.

Во низа извори на информации стоеше и веста за големата помош што Унијата ќе ја даде на Северна  Македонија во целиот контекст на кризата. „Вистиномер“, на пример објави текст,  во кој јасно стои дека:

ЕУ-претставниците во Црна Гора, Албанија и во нашата држава исто така најавија итна финансиска помош од Унијата. Беа најавени 4 милиони евра итна финансиска помош и 50 милиони наменети за социоекономско опоравување на Северна Македонија. Слични финанскиски инјекции беа најавени и за Албанија и Босна и Херцеговина.

За оваа вест „Вистиномер“ се повикува на europeanwesternbalkans.com како извор на сознанија.

Ама наспроти реалните состојби, овој напис ја извртува сликата одејќи на линија на одржување на некаква антизападна атмосфера, по јасните напредоци за земјава во стратешките опции – влез во НАТО и ЕУ, што пролетва беа остварени со станување на државава 30-та рамноправна членка на НАТО и држава која во јуни треба да влезе во преговори со Унијата.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести