verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Животот на бебињата во инкубатор на ГАК не бил во опасност

on 4 - 12 - 2019       

[Рецензија: Животот на бебињата во инкубатор во опасност – на ГАК снемало струја, агрегатот не се вклучил]

Текстот што го рецензираме уште во насловот шири паника и ја дезинформира јавноста дека животот на бебињата кои се во инкубатор на Клиниката за гинекологија и акушерство, наводно, бил во опасност бидејќи снемало струја. Но, наспроти ваквото тврдење, од Клиниката испратија демант до медиумите во кој се нагласува дека „ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше доведено во животозагрозувачка состојба ниту пак, дојде до влошување на нивната првобитна здравствена состојба откако вчера попладне имаше краток прекин на електрична енергија“.

Линк до оригиналниот напис: Животот на бебињата во инкубатор во опасност – на ГАК снемало струја, агрегатот не се вклучил

Датум и време на објавување: 03.12.2019

Датум на рецензирање: 03.12.2019

Рецензент: Силвана Жежова

Кога снемало струја на Клиниката за гинекологија и акушерство агрегатот не се вклучил и целиот оддел останал без струја, дознава Алфа од извори на клиниката. Според истите извори, во моментот се случувале и оперативни зафати.

Текстот, иако е пренесен од друг медиум, шири дезинформации во врска со состојбата на животот на бебињата во инкубатори на Клиниката за гинекологија и акушерство, како и за оперативните зафати кои се извршувале во моменти на недостаток на струја. Со ваквиот начин на известување за состојбата на пациентите, се шири паника помеѓу граѓаните, посебно оние кои имаат роднини или пријатели на споменатата клиника.

Од Клиниката, пак, ги демантираа овие пишувања и информираа дека „сите новороденчиња на одделението за интензивна нега и терапија се стабилни.“

Службите веднаш реагираа и во најкус временски период ситуацијата беше ставена под контрола. На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство има повеќе механизми за заштита и безбедносен систем, а секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот. Уште еднаш ја уверуваме јавноста дека ниту еден процес на клиниката не беше загрозен во кусиот период  кога ЈЗУ ГАК остана без напојување со електрична енергија, се вели во ДЕМАНТОТ на ГАК.

Имајќи предвид дека се работи за чувствителни информации кои се однесуваат за здравствената состојба на луѓето згрижени на споменатата клиника, вистината за состојбата требало да биде проверена во ГАК. Официјалниот став од клиниката во вакви случаи е задолжителен, наместо медиумот да се повикува на неофицијални извори. Обвинувањата искажни во написот се премногу сериозни и тие морало да бидат проверени во ГАК.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести